Псалми 96 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Радоста на Сион.

1Господ се зацари: нека се радува земјата; нека се веселат многубројните острови.

2Облак и мрак е околу Него; правда и судот се основа на Неговиот престол.

3Пред Него оган врви и ги гори непријателите Негови наоколу.

4Неговите молњи ја осветлуваат вселената; земјата гледа и трепери.

5Горите се топат како восок од лицето на Господа, од лицето на Господа, по целата земја.

6Небесата ја разгласуваат Неговата правда, и сите народи ја видоа Неговата слава.

7Нека се засрамат сите, кои се клањаат на кипови, кои се фалат со своите идоли. Поклонете Му се сите ангели Негови.

8Чу Сион и се зарадува, се веселат ќерките Јудини заради Твоите пресуди, Господи,

9зашто Ти си Господи, Севишни на целата земја, повисок си од сите богови.

10Вие, кои Го сакате Господа, мразете го злото! Ја чува Господ душата на своите светии; од раката на грешниците ќе ги избави.

11Светлина засветли над предникот, а на правите по срце – радост.

12Радувајте се, праведни, во Господа и славете го споменот на светоста Негова.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help