2. Солунјаните 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Благодарност на Бога за успевањето на верата кај браќата. Утешно укажување за повторното доаѓање Христово.

1Од Павла, Силвана и Тимотеја до црквата Солунска во Бога Отецот наш и Господа Исуса Христа:

2благодат вам и мир од Бога Отецот наш и Господа Исуса Христа!

3Должни сме секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша необично многу расте, и заемната љубов кај сите вас да изобилува,

4така што ние самите да се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера, при сите прогони и маки, што ги поднесувате:

5тоа е доказ за праведниот Божји суд, дека вие ќе се удостоите со царството Божјо, за кое страдате.

6Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние, што ве мачеа,

7а вам, на мачените, да ви даде утеха заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила,

8во пламенен оган да им се одмаздува на оние, кои не Го познаваат Бога, кои не се покоруваат на Благовестието на нашиот Господ Исус Христос

9и кои со вечна погибел ќе бидат казнети од лицето на Господа и од славата на Неговата моќ,

10кога ќе дојде Он за да биде прославен во оној ден среде Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.

11Затоа и се молиме секогаш за вас, да ве удостои нашиот Бог за звањето и да се исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата,

12та да се прослави во вас името на нашиот Господ Исус Христос, и вие во Него по благодатта на нашиот Бог и на Господа Исуса Христа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help