Второзаконие 19 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Градови засолништа. Казни за лажни пророци.

1Кога Господ, твојот Бог, ќе ги истреби народите, замјата нивна што ти ја дава Господ, твојот Бог, и ја наследиш по нив, и се населиш во градовите нивни, и куќите нивни,

2тогаш оддели три града во земјата своја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство;

3изгради си пат и раздели ја на три дела сета земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство; тие да служат за засолниште на секој убиец.

4А еве кој убиец може да се засолни таму и да остане жив: оној што ќе убие ближен свој без умисла, и да не му бил непријател вчера, и завчера;

5оној што ќе отиде со другарот свој во шума да собира дрва, па му се слизне раката со секирата, за да пресече дрво, и испадне острицата од дршката, го погоди другарот негов, и тој умре, – таков нека се засолни во еден од тие градови, за да остане жив,

6за да не го подгони одмаздникот за крв со разјарено срце убиецот и да го стигне, па, ако патот биде долг, и го убие, но тој не смее да се осуди на смрт, бидејќи не му бил непријател ни вчера, ни завчера;

7затоа и ти заповедав, велејќи ти: оддели си три града.

8Кога пак Господ, твојот Бог, ќе ги рашири твоите граници, како што се беше заколнал на татковците твои, и ти ја даде сета земја, што им ја беше ветил на татковците твои,

9ако се трудиш да ги исполнуваш сите овие заповеди, што денес ти ги заповедам, да Го сакаш Господа, твојот Бог, и да одиш по Неговите патишта во сите денови, – тогаш кон тие три града додај уште три града,

10за да не се пролева невина крв во замјата твоја, што ти ја дава Господ, твојот Бог, во наследство за да не бидеш обвинет поради крв.

11Но ако има некој човек при тебе непријател на ближниот свој и го начека, па се нафрли на него и го истепа така, што тој умре, и избега во еден од оние градови,

12старешините на тој град да испратат, да го земат оттаму и да го предадат во рацете на одмаздникот за крвта и да умре.

13Да не го поштеди окото твое: очисти ја крвта на невиниот од Израилот, и ќе ти биде подобро.

14Не ја преместувај меѓата на пределот од ближниот свој, поставена од татковците твои во твоето наследство, што си го добил во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава тебе со жреб.

15Не е доволен еден сведок против човек за каков и да било обид, престап или некој грев, со кој згрешил: при сведочењето на двајца сведоци, или со зборовите на тројца сведоци се донесува решение.

16Ако против некого излезе неправеден сведок, обвинувајќи го за престап,

17и обајцата, на кои им се суди, нека застанат пред Господа, пред свештениците и пред судиите, што ќе се најдат во тие денови;

18и судиите нека ги испитаат добро, па ако оној лажлив сведок лажно сведочи против братот свој.

19направете му го она што го беше намислил да му го направи на братот свој: така исчистете го злото од вас самите.

20И другите ќе чујат, па ќе се уплашат, и нема во иднина да прават такво зло при вас.

21Да не го поштеди окото твое: душа за душа, око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога. Каква штета некој ќе му направи на ближниот свој, таква да му се врати.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help