Ппророк Језекиил 11 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Поглаварите на Јуда казнети.

1Ме дигна духот и ме доведе пред источната врата на домот Господен, која гледаше кон исток. А таму – пред влезот на вратата дваесет и пет човека, и меѓу нив го видов Јазанија, синот Азуров, и Фалтија, синот Ванеев, кнезови народни.

2И Он ми рече: »Сине човечки, еве ги луѓето што на ум имаат да вршат беззаконија и кои му даваат лош совет во овој град,

3велејќи: ‚Уште е далеку; да си градиме домови; тој е котел, а ние – месо.‘

4Затоа изречи против нив пророштво, пророкувај, сине човечки!«

5И слезе врз мене Духот Господен и ми рече: »Кажи – така вели Господ – она што го зборувате вие, доме Израилев, и она што ви иде на ум, тоа Јас го знам.

6Многумина ваши убиени ги положивте во тој град, и улиците негови се исполнија со трупови.«

7Затоа, вака вели Господ Бог: »Убиените ваши, што ги оставивте среде него, се месо, а тој – котел; но вас Јас ќе ве изведам од него.

8Вие се боите од меч, а Јас ќе испратам врз вас меч, вели Господ Бог.

9И ќе ве изведам од него, ќе ве предадам во рацете на туѓинци, и ќе извршам суд над вас.

10Од меч ќе паднете; во пределите на Израилот ќе ви судам, ќе познаете, дека Јас сум Господ.

11Он нема да биде за вас котел, и вие нема да бидете во него месо; во пределите Израилеви ќе ви судам.

12И ќе познаете, дека Јас сум Господ; затоа што не одевте по Моите заповеди и не ги извршувавте Моите наредби, туку одевте по наредбите на народите околу вас.«

13И ете, кога пророкував, Фалтија, синот Ванеев, умре. И паднав ничкум, викнав со силен глас и реков: »О, Господи Боже, зар сакаш до крај да го истребиш остатокот на Израилот?«

14И би слово Господово до мене:

15»Сине човечки, на браќата твои, на твоите браќа, на твоите еднокрвни и на сиот Израилев дом – на сите што живеат во Ерусалим, им велат: ‚живејте далеку од Господа, оваа земја дадена ни е нам да ја владееме.‘«

16За ова кажи им: вака вели Господ Бог – »макар и да ги оддалечив меѓу народите и макар што ги распрснав по земјата, Јас за нив пак ќе бидам како светилиште во оние земји, каде што отидоа.«

17Потоа кажи им, вака вели Господ Бог: »Јас ќе ве соберам од кај народите и ќе ве вратам од земјите, во кои сте се растуриле; и ќе ви ја дадам земјата Израилева.

18И ќе дојдат таму и ќе ве исфрлат од неа сите гадотии и сите нечистотии.

19И ќе им дадам едно срце, ќе вложам во нив нов дух, ќе го земам од телото нивно каменото срце и ќе им дадам срце од плот,

20за да одат по Моите заповеди, да ги пазат Моите наредби и да ги извршуваат; и ќе бидат Мој народ, и Јас ќе бидат пак нивни Бог.

21А чие срце, се поведе по гадотиите нивни и нечистотиите нивни, нивното поведение ќе го свртам врз нивните глави«, вели Господ Бог.

22Тогаш херувимите ги подигнаа крилјата свои, и тркалата беа до нив; и славата на Израилевиот Бог беше над нив одозгора.

23И се крена славата Господова среде градот и застана над планината, што се наоѓа источно од градот.

24И духот ме подигна и ме пренесе во видение, преку Духот Божји, во Халдеја, при преселените. И видението, што го имав, избега од мене.

25И јас им ги пренесов на изгонените сите зборови Господови, што ми ги откри Он.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help