1Слово Господово што би до Јеремија за суша.
2Плаче Јуда, портите му се урнати, лежат на земјата поцрнети, и пискот се крена во Ерусалим.
3Големците ги праќаат слугите свои по вода; тие одат при изворите и не наоѓаат вода; се враќааат со празни садови; посрамени и смутени, тие ги покриваат главите свои.
4Бидејќи земјата напукнала од суша, и земјоделците се смутени и ги покриваат главите свои.
5Дури и кошутата, кога ќе роди во полето, ги остава младите свои, оти нема трева.
6И дивите осли стојат по високите места и голтаа воздух како шакали; очите им се потемнети, зашто нема трева.
7И ако нашите беззаконија сведочат против нас, но Ти, Господи, постапи со нас заради името Твое; големо е нашето отстапништво, згрешивме пред Тебе.
8Надеж Израилева, Спасителе негов во зло време! Зошто си како туѓинец во оваа земја, како патник што дошол да преноќева?
9Зошто си како уморен човек, како јунак што нема сила да спасува? А и покрај сето тоа, Господи, Ти си меѓу нас и името Твое се призива од нас. Не оставај нѐ!
10Така зборува Господ кон овој народ. Бидејќи сакаат да скитаат, не ги запираа нозете свои, Господ не благоволи кон нив, се сети сега за беззаконијата нивни и ги казнува гревовите нивни.
11И ми рече Господ: немој да се молиш за доброто на овој народ.
12Ако постат, нема да го чујам пискотот нивни; и, ако принесат и сепаленица и дар, нема да ги примам; но со меч, со глад, и со помор ќе ги истребам.
13Тогаш реков: Господи Боже, еве пророците им кажуваат: меч нема да видите, и глад нема да има кај вас, а ќе ви дадам постојанен мир на ова место.
14И ми рече Господ: пророците пророкуваат лага во Мое име, Јас не сум ги пратил и не сум им дал заповеди, ниту сум им зборувал; тие ви проповедуваат лажни виденија и баења, суета и измислици од своето срце.
15Затоа вака вели Господ за пророците: тие пророкуваат во Мое име, но Јас не сум ги ипраќал; тие зборуваат: »меч и глад нема да има во таа земја« – со меч и глад ќе бидат истребени тие пророци.
16И народот, кому му пророкуваат, од глад и од меч ќе биде кутнат по улиците ерусалимски, и не ќе има кој да ги погребе – нив и жените нивни, синовите нивни и ќерките нивни; и Јас ќе ја излеам врз нив нивната лошотија.
17Па кажи им ги овие зборови: нека се лијат солзи од очите мои дење и ноќе и нека не престануваат, оти со голем пораз, со тежок удар е поразена девојката, ќерката на мојот народ.
18Излегувам по полето, а таму – убиени со меч; влегувам во градот, и ете многумина умираат од глад: дури и пророк и свештеник отидоа несвесно по земја што не ја знаеја.
19Зар наполно ти го отфрли Јуда? Зар душата Твоја го замрази Сион? Зошто така нѐ поразуваш, за да не можеме да се излечиме? Чекаме мир – а нема ништо добро; чекаме време за спасување – а еве, ужаси.
20Ја сознавме, Господи, нечесноста своја, беззаконијата на нашите татковци, дека згрешивме пред Тебе.
21Не отфрлај нѐ нас заради името Твое; не понижувај го престолот на Својата слава: сети се, не разрушувај го Твојот завет со нас.
22Име ли меѓу незнабожечките суетни богови такви, што можат да дадат дожд, или, пак, може ли небото самото од себе да лие голем дожд? Зар не си Ти тоа, Господи Боже наш? На Тебе се надеваме, оти Ти го создаваш сето тоа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.