1»Ете, надежта е суетна. Нема ли да паднеш само од еден негов поглед?
2Нема толку силен кој би се осмелил да Ме обеспокои; и кој може да опстане пред Моето лице?
3Кој Ми дал нешто порано, та Јас да му вратам? Под целото небо сѐ е Мое.
4Нема да премолчам за деловите негови, за силата и нејзината убава сразмерност.
5Кој може да ја одгрне горната облека негова, кој ќе се приближи до двојните челусти негови?
6Кој може да ја отвори вратата на лицето негово? Забите негови наоколу се ужас.
7јаките штитови негови – великолепие; тие се зацврстени како со тврд печат;
8еден до друг се допираат толку блиску, така што и воздух не минува меѓу нив;
9еден до друг стојат збиени, слепени се и не се размесуваат.
10Кога кива, испушта светлина; очите му се како зраци на зората:
11од устата негова излегуваат пламени јазици, излегуваат огнени искри;
12од ноздрите негови излегува пара, како од зовриено грне или котел.
13Здивот негов е разгорен јаглен, а од устата негова излегува пламен.
14На вратот негов сила престојува, и пред него ужас трча.
15Месестите делови на телото му се сплотени силно меѓу себе, не мрдаат.
16Срцето му е цврсто како камен, кораво како долен воденички камен.
17Кога се подига, јунаци треперат, сосема се губат од ужас.
18Кој меч ќе се допре до него, не издржува; не издржува ни копје, ни кратко копје, ни оклоп.
19Железото го смета за слама, бакарот – за гнило дрво.
20Стрелата ни лакот нема да го подгони; камењата од праќката во плева се претвораат за него.
21Боздоганот за него е како сламка; над пиштењето од стрелата тој се смее.
22Под него има остри камења, и тој лежи врз остри камења во калта.
23Он прави морската длабочина да врие како котел, морето го претвора во зовриена маст;
24зад себе остава светла трага; бездната изгледа како бело руно.
25На земјата нема сличен на него: он е создаден бестрашен;
26на сѐ, што е високо, гледа смело; он е цар над сите синови на гордоста.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
