Исаија 18 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Етиопската земја Го прославува Господа.

1Тешко ѝ е на земјата, која се осенчува со крилја од онаа страна на етиопските реки,

2која испраќа гласници по море и рогозени чунови по водите! Одете, брзи гласници, при народ јак и бодар, при народ страшен од почетокот до денес, при народ здрав и кој сѐ победува, чија земја реки ја пресечуваат.

3Сите вие, што ја населувате вселената и живеете на земјата, гледајте кога ќе се крене знаме на планините, кога ќе затруби трубата!

4Зашто, така ми рече Господ: Јас гледам спокојно од Своето живеалиште, како светла жега – по дожд, како облак роса – при жетвен припек.

5Зашто пред гроздобер, кога грозјето ќе прецути, и гроздот ќе почне да узрева, Он ќе ги исече со сорче прачките и ќе ги одземе, и ќе ги искастри фиданките.

6Ќе остават сѐ на грабливите планински птици и на полските ѕверови: и птици ќе летаат таму, а полските ѕверови таму ќе зимуваат.

7Во она време ќе биде принесен дар на Господа Саваот од народ јак и бодар, од народ страшен од почетокот до денес, од народ здрав што гази друг народ, чија земја реки ја пресечуваат, – кај местото, каде што е името на Господа Саваот врз гората Сион.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help