Мудри Соломонови Изреки 23 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

За вкусни јадења; мудри совети кон синот свој.

1Кога ќе седнеш да јадеш со силен, гледај добро што има пред тебе,

2и постави ограда на грлото свое, ако си лаком.

3Не се занесувај од вкусните гозби негови: тие се примамлива храна.

4Ако си сиромав, не настојувај да трупаш богатство; бегај од таквите мисли.

5Ќе ги устремиш очите кон него, о – веќе го нема: тоа ќе си направи крилја и како орел ќе летне кон небото.

6Не јади леб кај завидлив човек и не се занесувај од вкусните гозби негови;

7зашто какви му се мислите во душата негова, таков е и тој; »јади и пиј« ти вели, но срцето негово не е со тебе.

8Залакот, што си го изел, ќе го изблуеш, и убавите зборови свои напразно ќе ги потрошиш.

9Во ушите на безумниот не зборувај, зашто тој ќе ги презре разумните зборови твои.

10Не преместувај стара меѓа и во нива на сираци не влегувај;

11зашто нивниот Заштитник е силен; Он ќе се замеша во делото нивно против тебе.

12Управи го срцето свое кон учење и ушите свои – кон умни зборови.

13Не оставај го детето без казна: ако го казниш со прачка, тоа нема да умре;

14Ќе го казниш со прачка, и ќе ја спасиш душата негова од пеколот.

15Синко, ако твоето срце биде мудро, и моето срце ќе се радува;

16ќе се радуваат и моите внатрешности, кога твојата уста говори право.

17Срцето твое нека не им завидува на грешниците, туку биди во сите дни свои во стравот Господов;

18зашто има иднина, а твојата надеж не е загубена.

19Слушај, синко, и биди мудар и управувај го срцето свое по прав пат.

20Не биди меѓу оние, што се опиваат со вино, меѓу оние, што се презаситуваат со месо, –

21зашто пијаницата, и блудникот и оној што се прејадува, ќе осиромашат, а сонливоста ќе ги облече во партали.

22Слушај го, синко татка си свој: тој те родил; не ја занемарувај мајка си кога таа ќе остарее.

23Купувај вистина и не продавај мудрост, учење и разум.

24Праведниот добро го воспитува синот свој; на умниот свој син, му се радува тој.

25Нека ти се радуваат татко ти и мајка ти, нека се радува онаа која те родила.

26Синко, дај ми го мене срцето и очите твои да ги гледаат патиштата мои, –

27зашто блудницата е длабока пропаст, и туѓа жена – тесен кладенец;

28таа како разбојник ги пречекува и ги умножува престапниците на законот меѓу луѓето.

29На некого – ах, на некого – ох, на некого – кавга, на некого жал, на некого рани без причина, на некого зацрвенети очи?

30На оние, што заседнуваат околу вино, кои одат да бараат вино со ароми.

31не го гледај виното како се црвенее, какви се искрите во чашата, како убаво се лее;

32отпосле тоа ќе касне како змија и ќе жилне како отровница;

33очите твои ќе гледаат туѓи жени, и срцето твое ќе почне да говори развратно;

34и ти ќе бидеш како заспан среде море и како задреман на врв на јарбол,

35па ќе речеш: »Ме биеја, не ме болеше; ме туркаа, не чувствував. Кога ќе се разбудам, пак ќе го барам истото.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help