1Ког Тебе, Господи, ја издигнувам душата своја.
2Боже мој, на Тебе се надевам, да не се посрамам довека, да не ме исмејуваат непријателите мои,
3да не се засрамат оние што се надеваат на Тебе; да се посрамат оние, што вршат беззаконија без причина.
4Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои.
5Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден.
6Спомни Си ги штедростите Твои, Господи, и милостите Твои, зашто се вечни.
7Гревовите на младоста моја и незнаењето мое не ги споменувај; по милоста Своја сети се на мене, заради Твојата доброта, Господи!
8Благ и праведен е Господ, грешниците ги изведува на пат,
9ги упатува кротките кон правда и ги учи кротките на Своите патишта.
10Сите патишта Господови се милост и вистина за оние, кои го пазат заветот Негов и откровението Негово.
11Заради Твоето име, Господи, прости ми го гревот мој, зашто е голем.
12Кој човек е тој што се плаши од Господа? Нему Он ќе му покаже кој пат да избере.
13Неговата душа ќе почива во добро, неговото семе ќе ја наследи земјата.
14Близок им е Господ наоние што се плашат од Него; ним им го открива заветот Свој.
15Очите мои секогаш се кон Господа, зашто Он гивади од стапица нозете мои.
16Погледни на мене и смилуј се на мене, зашто сум самотен и во мака.
17Скрбите на срцето мое се умножија; извади ме од неволјите мои.
18Погледај ги страдањата и маките мои, па прости ми ги сите гревови мои.
19Погледај ги моите непријатели, колку многу се намножија и колку многу ме мразат.
20Запази ја душата моја и избави ме, за да не се посрамам, зашто на Тебе се надевам.
21Непорочноста и правдата нека ме учат, зашто на Тебе се надевам, Господи.
22Избави го, Боже, Израилот од сите невојли негови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
