1 Летописи 22 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Давидовата подготовка за градење на храм на Господа Бога.

1И рече Давид: »Еве го домот на Господа Бога, еве го и жртвеникот за сепаленици на Израилот.«

2Па заповеда Давид да ги соберат придојдените, што беа во земјата Израилска и одреди каменоделци да делкаат камења за изградба на дом Божји.

3Давид подготви уште многу железо за шајки по крилата на вратите и за куки, и многу бакар – без мерка,

4и кедрово дрво без број, зашто Сидонците и Тирците му доставија на Давида многу кедрово дрво.

5И рече Давид: »Синот мој Соломон е млад и слаб, а домот, што ќе се гради за Господа, треба да биде многу величествен, за слава и за приказ по сите земји; затоа јас ќе му приготвам сѐ што треба за него.« И приготви Давид до смртта своја многу.

6И го повика синот свој Соломон и му заповеда да изгради дом на Господа, Бога Израилев.

7И му рече Давид на Соломона: »Сине, имав на срце да изградам дом на името на мојот Господ, Бог,

8но би кон мене словото Господово и ми се рече: ‚Ти си пролеал многу крв и си водел големи војни; ти не бива да градиш дом на името Мое, зашто си пролеал многу крв на земјата пред лицето Мое.

9Еве, ќе ти се роди син: тој ќе биде мирен човек; ќе му дадам спокојство од сите околни напријатели, затоа името негово ќе биде Соломон. Во неговите дни ќе му дадам на Израилот мир и спокојство.

10Тој ќе изгради дом на името Мое и ќе ми биде син, а Јас нему – татко, и така ќе го зацврсти престолот на царството негово над Израилот довека.‘

11А сега, сине, Господ нека биде со тебе, та да имаш благослов и да Му изградиш дом на Господа, твојот Бог, според тоа како што Он рече за тебе.

12Да ти даде Господ мудрост и разум и да те постави над Израилот; и запази го законот на Господа, твојот Бог!

13Така ќе имаш успех, кога ќе земеш да ги извршуваш наредбите и законите, што Господ му ги заповеда на Мојсеја за Израилот. Биде цврст и храбар, не плаши се и не паѓај со духот!

14И еве, јас при скудноста своја приготвив за домот Господов сто илјади таланти злато, илјада таланти сребро, а бакарот и железото мерка немаат, зашто се во големи количин; дрва и камења исто така подготвив, а ти придодај уште кон тоа.

15Имаш многу работници, и каменоделци, и резбари, и дрводелци, и вешти луѓе за секаква работа.

16Злато, сребро, бакар и железо – без број; продолжи и работи; Господ ќе биде со тебе.«

17И им заповеда Давид на сите кнезови израилски да му помагаат на синот негов Соломона:

18»Зар не е со вас Господ, Бог наш, Кој ви даде спокојство од секаде? Оти Он ги предаде во мои раце жителите на оваа земја, и земјата се покори пред Господа и пред Неговиот народ.

19И така, расположете го срцето свое и душата своја, за да Го побарате Господа, вашиот Бог. Станете и изградете светилиште на Господа Бога, за да го пренесете ковчегот на заветот Господов и свештените садови Божји во домот, што ќе се гради на името Господово!«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help