1Подобро е добро име, отколку големо богатство, и подобро е добра слава, отколку сребро и злато.
2Богатиот и сиромавиот се среќаваат еден со друг; и едниот и другиот ги создал Господ.
3Умниот го гледа злото и се клони; а безумните одат напред и се казнуваат.
4Плодови на мудроста се: стравот Господен, богатството, славата и животот.
5По патот на подмолниот – трње и стапици: кој ја пази душата своја, ќе бега од нив.
6Поучи го момчето го почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари.
7Богатиот господари над сиромавиот, и должникот станува роб на заемодавецот.
8Кој сее неправда, ќе пожнее зло, и прачката на гневот негов ќе го удри него самиот,
9Господ го сака човекот, што доброволно дава, и ќе го пополни недостигот не делата негови.
10Милосрдниот ќе биде благословен, што им дава на бедните од лебот свој. Кој дава подароци, печали победа и чест, и дури овладува со душите на оние, што ги добиваат.
11Истерај го подбивачот, и раздорот ќе изчезне, ќе престанат кавгата и навредите.
12Господ љуби чисто срце, Нему Му се пријатни оние, што одат по прави патишта; со устата своја управува царот над народот свој.
13Очите на Господа го чуваат знаењето, а зборовите на престапникот Он ги презира.
14Мрзливиот вели: »Лав на улицата! На патот има разбојници!«
15Устите на законопрестапниците се длабока бездна: на кого Господ ќе се разгневи, тој ќе падне во неа. Пред лошите се појавува лош пат, но тие продолжуваат да одат по него,
16Безумието на детето му е приврзано за срцето, но прачката ќе го отстрани далеку од него.
17Кој ограбува сиромав, за да го умножи богатството свое, и кој му дава на богатиот, – ќе осиромаши.
18Наклони го увото и слушај ги зборовите на мудрите, и сврти го срцето кон моите зборови, за да разбереш дека се добри.
19Зашто ќе се радуваш, ако ги пазиш во срцето свое, и ако ти бидат исто така во устата твоја.
20За да биде твојата надеж во Господа, јас ти го покажувам патот твој.
21А ти сега запиши ги трипати, советите и поуките во срцето свое; јас те поучив на зборовите вистински и добри, ти одговарам, точно на сите твои прашања.
22Не ограбувај сиромав, зашто тој е сиромав, и не притеснувај страдалник при портите, –
23оти Господ ќе се застапи за нив, и ќе ја истргне душата на грабачите нивни.
24Не дружи со гневлив и не оди со човек жесток,
25за да не се навикнеш на нивни патишта и да не навлечеш стапица на душата своја.
26Не биди од оние, што даваат рака и се заложуваат за туѓи долгови:
27ако нема со што да платиш, зошто да ти ја земат постелата под тебе?
28Не преместувај стари меѓи, кои твоите татковци ги поставиле.
29Си видел ли вешт и искусен човек во својата работа? Тој ќе стои пред цареви, нема да стои пред прости.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.