1Боже, кој може да се спореди со Тебе? Не премолчувај, и не смирувај се Боже,
2зашто ете Твоите непријатели вреват, а оние, што Те мразат, кренаа глава;
3против Твојот народ зло наумија и се советуваат против светите Твои;
4рекоа: »Да отидеме и да го истребиме меѓу народите, па да не се спомнува повеќе името Израил.«
5Се договорија еднодушно, склучија против Тебе сојуз;
6населбите Едомови и Исмаилски, Моав и Агарјани;
7Гавал, Амон, Амалик и другоплемениците се оние што живеат во Тир,
8бидејќи и Асур се придружи кон нив, па станаа помош за синовите Лотови.
9Направи ми го истото, како што им направи на Мадијамците, како и на Сисарите, како и на Јавин кај потокот Кисон,
10кои беа истребени во Аендор и станаа ѓубре за земјата.
11Постапи сонив, со нивните кнезови, како со Орив и Зива и со сите нивни кнезови, како со Зевеј и Саламан,
12бидејќи велат: »Да го присвоиме за себе светилиштето Божјо!«
13Боже мој, заповедај да станат како виор и како плева пред ветар;
14како оган што изгорува дубрави, и како пламен што запалува гори.
15Така и Ти подгони ги лицата нивни со бесчестие, па да го побараат името Твое, Господи!
16исполни ги лицата нивни со бесчестие, па да го побараат името Твое, Господи!
17Да се засрамат и да се збунат засекогаш, да се посрамат и да загинат,
18и да познаат, дека името Ти е Господ, и дека Ти си единствен Севишен над целата земја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
