Ппророк Језекиил 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Големо запустување на Ерусалим.

1Извика на ушите Мои со силен глас и рече: »Нека се приближат оние, што сакаат да го казнат градот, секој со своето убиствено оружје во рацете.«

2И ете, шестмина луѓе влегуваат од горната врата свртени кон север и кај секого во раката убиствено сечиво, а меѓу нив еден облечен во ленена облека, а на појасот негов сапфир и дојдоа, па застанаа до бакарниот жртвеник.

3И славата на Бога Израилев се спушти од херувимите, на кои беше, врз прагот на домот. Го повика Бог човекот, облечен во ленена облека и кој имаше на бедрата појас.

4И му рече Господ: »Мини по средината на градот, по средината на Ерусалим, и стави им знак на челата од луѓето, оние што жалат, кои воздивнуваат за гадотиите, што се вршат во него.«

5А на оние чув да им каже: »Одете по него во градот и убивајте; вашето око да не жали, и не штедете:

6старец, момче и девојка, младенец и жена, бијте ги до смрт, но не гибајте ни еден од луѓето кои имаат знак, а почнете од моето светилиште.« И тие почнаа од старешините што стоеја пред домот.

7И им рече: »Осквернете го домот, наполнете ги дворовите со убиени и излезете.« Тие излегоа и почнаа да убиваат по градот.

8А кога убиваа, јас останав и паднав ничкум, извикав и реков: »О, Господи, зар ќе го истребиш сиот остаток на Израилот, изливајќи го гневот Свој врз Ерусалим!«

9И ми рече Он: »Бесчестието на домот Израилев и Јудин е многу големо; и оваа земја е полна со крв, градот е исполнет со неправда; оти тие велат: ‚Господ ја остави оваа земја, Господ не гледа.‘

10Затоа и окото мое нема да ги пожали и нема да се смилува; делата нивни ќе ги свртам врз нивните глави.

11И ете, човекот, облечен во ленена облека и со мастилница на појасот, одговори и рече: ‚Извршив како што ми заповеда‘.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help