Наум 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Божјата величественост против Асирија.

1Пророштвото за Ниневија; книга за видението на Наума од Елкос.

2Господ е Бог ревнив и одмаздник; одмазник е Господ и страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријателите Свои; не ги поштедува ни противниците Свои.

3Господ е долготрпелив и голема е силата Негова, така што не остава никого без казна; патот Господов е во виор и бура, а облаците се прав од под нозете Негови.

4Ќе му се закани ли на морето, и тоа пресушува, и сите реки пресушуваат: овенува Васан и Кармил, и свенува цветот на Ливан.

5Горите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и сѐ што живее во неа.

6Кој може да устои против Него? И кој може да го издржи пламенот од гневот Негов? Гневот Негов се излива како оган; карпи се распаѓаат пред Него.

7Добар е Господ; Он е прибежиште во жалосен ден. Он ги познава оние, што се надеваат на Него.

8Но со силна поплава, што сѐ потопува, ќе ја уништи Ниневија до темели и мрак ќе ги обземе непријателите Негови.

9Што сте намислиле против Господа? Он ќе стави крај на сѐ, и неволите веќе нема да се повторат,

10зашто, иако сплетени како трње и како од вино пијани, тие ќе бидат наполно проголтани, како сува слама.

11Од тебе произлезе оној, што смисли зло против Господа, и кој подготви нечесен заговор.

12Вака вели Господ: »Макар што се безопасни и многубројни, тие ќе бидат исклани и ќе исчезнат; а тебе, иако те измачував, нема веќе да те измачувам.

13И сега ќе го скршам јаремот негов, кој лежи врз тебе, и ќе ги раскинам оковите твои.«

14А за тебе, Асире, Господ определи: нема да продолжи родот твој; од домот на твојот бог ќе ги истребам идолите резани и лиени; во него ќе ти направам гроб кога ќе бидеш презрен.

15Ете, по горите се стапките на благовесникот, кој најавува мир: празнувај ги, Јудејо, твоите празници, извршувај ги заветите свои, зашто преку тебе нема веќе да минува нечестивиот; тој е наполно уништен.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help