1Пресуди им, Господи, на оние кои ме навредуваат, и собори ги оние што се борат против мене;
2земи оружје и штит и дојди ми на помош;
3извади го мечот и пресретни ги гонителите мои; кажи ѝ на душата моја: »Јас сум спасение Твое!«
4Да се постидат и засрамат оние што ја бараат душата моја: нека се повратат и нека се посрамат, оние што ми мислат зло;
5нека бидат како прав пред ветрот, и Ангел Господов да ги прогонува,
6патот нивни нека биде темен и лизгав, и Ангел Господов да ги прогонува,
7бидејќи без вина поставија тајна мрежа за моја пропаст, без вина ја навредија душата моја.
8Нека дојде врз нив замка што не ја знаат и мрежата нивна, што ја поставија за мене, да ги улови самите нив; нека се сплеткаат во неа и нека загинат.
9А мојата душа ќе се радува во Господа, ќе се весели поради спасението од Него.
10Сите коски мои ќе речат: »Господи, кој е подобен на Тебе, Кој спасуваш слаб од силен, беден и сиромав од грабителите нивни?«
11Се кренаа против мене неправедни сведоци: и за она што не го знам ме сослушуваат;
12ми враќаат зло за добро, и душата моја останува осамена.
13А кога ми додеваа, јас се облекував во кострет, ја истоштував душата моја со пост, и молитвата ми се враќаше во градите мои.
14Постапував така, како тој да беше ближен мој, мој брат; одев тажен со наведната глава; како оној што е загрижен и нажален, така се смирував.
15А тие се зарадуваа и се собраа против мене, ми задаваа рани, а да не знам зошто, ме кинеа и не престануваа;
16ме доведоа до искушение, ми се потсмеваа многу и со забите свои крцкаа против мене.
17О, Господи, кога ќе го погледаш тоа? Оттргни ја душата моја од нивните злодела, мојата осамена душа – од тие лавови.
18Ќе Те прославувам, Господи, на големо собрание, меѓу многуброен народ ќе Те восфалувам;
19не допушти да се зарадуваат над мене оние, кои ми се непријатели без причина, кои ме мразат без вина и намигнуваат со очите.
20Зашто за мир ми зборуваа тие, а во лутината своја смислуваа измами.
21Ги отворија устите свои против мене, велејќи: »Добро! Добро! Очите наши видоа.«
22Ти виде Госоди, немој да премолчиш; Господи, не отстапувај од мене!
23Стани, разбуди се поради мојата правда, о Боже мој и Господи мој!
24Пресуди ми според Твојата правда, Господи, Боже мој, та да не ликуваат оние над мене;
25за да не речат во срцето свои: »Добро, добро за душата наша!« и да не кажат: »го проголтавме.«
26Нека се постидат и засрамат сите, кои се радуваат на мојата несреќа; да се облчат во срам и позор, оние што се гордеат над мене.
27Нека се зарадуваат и нека се развеселат, оние што ја сакаат мојата правда, и непрестајно нека велат: да се возвеличи Господ, Кој му пожелува мир на Својот слуга!
28И јазикот мој ќе зборува за правдата Твоја и за Твојата похвала секој ден.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.