Мудрост Сирахова 17 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Бог – суд.

1Господ го создаде човекот, човекот од земја, и пак во неа го враќа.

2На луѓето им даде одреден број денови и одредено време, им даде власт над сѐ што е на земјата.

3Ги облече во сила според нивната природа, ги создаде според образот Свој.

4Во секое создание вдахна страв кон нив, за да владеат над ѕверови и птици.

5Им даде разум, јазик и очи, уши и срца – да расудуваат.

6Ги исполни со знаење и разбирање, и им го покажа доброто и злото.

7Окоти Свое го стави во нивните срца, за да им ја покаже величественоста на Своите дела,

8за да го прославуваат Неговото Свето име и да ја објавуваат големината на Неговите дела.

9Го зголеми нивното знаење, законот на животот во наследство им го даде.

10Вечен завет направи со нив и ги поучи на Своите повелби.

11Очите нивни го видоа величието на славата, а увото нивно ја чу славата на Неговиот глас.

12Бог им рече: »Пазете се од секоја неправда.« На секого од нив му заповеда како да се однесува со ближниот свој.

13Патиштата нивни секогаш се пред Него, нема да се сокријат од очите Негови.

14На секој народ водач му постави.

15А Израел е Господовиот дел.

16Сите нивни дела како сонце се пред Него; очите Негови секогаш ги пазат нивните патишта.

17Нивните неправди не се сокрија од Него; сите нивни гревови се пред Господа.

18Милостињата човекова како печат е во Него, добротворството на човекот ќе го пази како зеницата на окото.

19Потоа ќе стане, на сите ќе им плати, платата нивна врз главата ќе им падне.

20Само на покајниците им дозволува да се обрнат; ги бодри оние на коишто им попуштило трпението.

21Сврти се кон Господа, остави ги гревовите;

22моли се пред Него и намали ги навредите твои.

23При Севишниот врати се, од неправдата одврати се; замрзни ги одвратните работи.

24Севишниот кој ќе Го прославува во пеколот, наместо оние коишто живеат и оддаваат почести?

25Од мртовец нема прославување, бидејќи е мртов.

26Живиот и здравот ќе Го прославуваат Господа.

27Колку е голема милоста измирувањето на Господа со оние што Му се обраќаат!

28Човек не може сѐ,

29зашто синот човечки не е бесмртен.

30Има ли нешто посветло од сонцето? Но понекогаш и тоа потемнува. Исто така и телото и крвта на зло ќе помислат.

31Силите на високите небеса Тој Самиот ги надгледува, а сите луѓе само се прав и пепел.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help