Јов 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јов Му се моли на Бога или да се смилува на него или да му го одземе животот.

1»Не ли е испит земниот живот за човекот? Дните негови не се ли како дни на наемник?

2Како што слугата копнее за сенка, и како што наемникот го чека крајот на работата своја,

3така и јас добив наследство суетни месеци; тажните ноќи ми се избројани.

4Легнувајќи, си мислам: кога ли ќе станам? А кога станувам се прашувам: како ќе ја дочекам вечерта? Се измачувам од вечерта до утрото.

5Телото ми е покриено со црви и прашливи наслаги; кожата ми се распукнува и гнои;

6дните ми летаа побрзо од совалка и исчезнуваат без надеж.

7Спомни си, дека животот мој е ветар, дека окото мое нема веќе добро да види.

8Нема да ме види окото на оној што ме видел; Твоите очи се на мене, – а мене ме нема,

9како кога облак се проретчува и исчезнува, така слезениот во гроб нема да излезе;

10нема повеќе да се врати во куќата своја; ни местото негово нема веќе да го познае.

11Затоа нема да ја воздржувам устата своја; ќе говорам иако сум тажен во духот свој, ќе се поплакувам во горчината на душата своја.

12Зар сум море или морско чудовиште, та си поставил стража над мене?

13Кога ќе си помислам: ‚Моето легло ќе ме утеши; мојата постела ќе ја однесе тагата моја.‘

14Ти ме плашиш со соништата и со привиденија ме ужасуваш;

15Затоа душата моја сака повеќе да се прекине дишењето, подобро смрт; смртта ми е помила од моите маки.

16Ми омрзна животот: Нема вечно да живеам. Оддалечи се од мене, дните мои се само суета.

17Што е човекот, та толку си го издигнал? И такво внимание му обрнуваш?

18Зошто го посетуваш секое утро? Зошто го искушуваш секој миг?

19Кога ќе ме оставиш? Кога ќе си одиш од мене? Кога ќе ми дозволиш плунката своја јас да ја голтнам?

20Ако сум згрешил, што да правам, о Чуваре над луѓето? Зошто го стави Својот знак на мене, па да сум Ти на товар?

21Зар престапот мој не можеш да го поднесеш? Зар не можеш да го презреш беззаконието мое? Зашто, ете, уште малку ќе мине и во прав ќе легнам; утре ќе ме побараш, а нема да ме има.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help