Псалми 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Благодарствена песна поради спасување од непријателите.

1Те прославувам Тебе, Господи, со сето срце свои, ги известувам сите чудеса Твои;

2се радувам и се веселам во Тебе, му пеам на името Твое, Севишни.

3Кога се вратија непријателите мои, се сопнаа, изгубија сила и погинаа од лицето Твое.

4Бидејќи донесе пресуда за мене и ме одбрани; седна на престолот Свој, судија праведен.

5Им запрети на народите и загина нечестивиот; името му го затре за сите векови.

6Непријателот остана сосема без оружје; градовите Му ги разруши, и погина споменот за нив.

7Но Господ секогаш живее; го подготвил престолот Свој за суд;

8Он ќе ѝ суди на вселената по правда, на луѓето ќе им суди право.

9И ќе му биде Господ прибежиште на сиромавиот, помошник во право време во неволја.

10Па нека се надеваат на Тебе оние кои го знаат името Твое, бидејќи не ги оставаш оние што Те бараат.

11Пејте Му на Господа Кој живее на Сион, кажувајте ги на народите делата Негови;

12бидејќи Он се одмаздува за крв, ја помни; не ги заборава пискотите на неволниците.

13Смулуј се, Господи на мене; погледај како страдам од непријателите мои, Ти, Кој ме избавуваш од вратата на смртта.

14За да ги кажувам сите похвали за Тебе пред вратите на ќерката Сионска и да го прославувам спасението Твое.

15Пропаѓаа народите во јама, што сами ја направија; во замка, која сами ја наместија, се фати ногата нивна.

16Го познаа Господа, Кој суди; во делата на рацете Негови грешникот се заплетува.

17Ќе се вратат во пеколот сите грешници, и сите народи, кои Бога Го забораваат.

18Зашто нема засекогаш да биде заборавен сиромавиот, и надежта на бедните нема никогаш да престане.

19Стани, Господи, за да не се засили човекот, и народите да примаат суд пред Тебе.

20Постави, Господи, законоположник над нив, за да разберат незнабожците дека се луѓе.

21Зошто Господи се оддалечуваш и не сакаш на неволните во право време да им помогнеш?

22Кога нечесниот се разбесува, ги мачи бедните бездушно, и тие паѓаат во замките негови.

23Бидејќи грешникот се гордее со желбата на душата своја и одбива да биде благословен.

24Грешникот го дразни Господа, за многуте негови гревови, вели, дека Он не истражува: нема Бог пред него.

25Патиштата негови се секогаш криви, а судовите Твои се многу високи, за да мисли на нив, и така над непријателите се гордее.

26И во срцето свое си вели: нема да минувам од род во род без зло.

27Устата му е полна со клетви, измами и навреди; под јазикот негов тежина и пропаст.

28Седи во заседа со богати, потајно убива невини, очите негови демнат бедни.

29Седи скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ќе фати, го сплетува во својата мрежа.

30Се смирува, прилегнува и тогаш бедниот паѓа совладан.

31па вели во срцето свое: Бог заборавил, го свртел лицето свое за да не го види крајот.

32Стани, Господи, Боже мој, нека се крене раката Тавоја, не ги заборавај за секогаш бедните Твои.

33Зошто безбожникот Го разгневува Бога, зошто во срцето свое да вели – Бог не испитува?

34Но Ти гледаш, оти ги забележуваш маките и навредите на бедниот; бедниот Тебе Ти се предава, Тебе Ти се остава сиромавиот и сиракот; биди им помошник.

35Сотри ја мишката на грешникот и на лукавиот; па да се бара и да не се најде безбожноста негова.

36Господ е вечен цар, во сите времиња; ќе ги снема народите од земјата Негова.

37Господи, Ти ги слушаш желбите на бедните; закрепи ги срцата нивни, отвори го увото Свое!

38Дај правда на сиракот и на смирениот, па да престане човекот на земјата да задава страв.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help