Мудрост Сирахова 32 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Страв Господен.

1Ако те стават за распоредник на трпезата, не погодувај се; биди меѓу другите како еден од нив.

2Погрижи се за нив, па потоа седни. Кога ќе ја свршиш целата работа, заземи го твоето место,

3за да се веселиш заедно со нив и за добрата работа пофалба да добиеш.

4Разговорот води го ти, старешино – зашто тоа и ти прилега,

5но тоа прави го одмерено и не прекинувај ја музиката.

6Кога ќе те слушаат – не говори долго и премногу не мудрувај.

7Каков е печатот од рубин, опкован со злато, таква е пријатноста на музиката при почерпка со вино.

8Каков е печатот од смарагд окован со злато, таква е пријатноста на песната со вкус на вино.

9Кажи, момче, ако затреба, само два збора, и тоа само кога ќе те прашаат.

10Кажи го главното, кажи многу со малку зборови; биди како оној што многу знае, а умее да молчи.

11Кога си со големци, не прави се голем како нив; кога зборува друг, не зборувај ти.

12Пред громот оди секавицата, а пред скромниот човек – оди милоста.

13Навреме станувај и не биди последен; побрзај дома и не застанувај.

14Таму забавувај се и прави сѐ што сакаш, но со срамен збор не греши.

15А за сето ова Создателот прославувај Го; Тој те наситува со сите добрини.

16Кој од Бога страв има – тој и поука прима; кој од рано утро Него Го бара – благослов од него добива.

17Кој законот го бара – со него се исполнува; а лицемерот од него ќе се сопне.

18Оние што страв од Господа имаат, ќе бидат оправдани. Нивните добри дела како светлина ќе засветлат.

19Грешникот од изобличување бега; според своите желби – извинување бара.

20Разумен човек не презира совет, а неразумен и горделив не знае за страв, дури и тогаш кога неразумно постапил.

21Без размислување не прави ништо, а кога ќе направиш нешто не кај се.

22По пат опасен не оди, за да не се препнеш и да паднеш.

23Не верувај му многу и на рамен пат; немај доверба ни во своите деца.

24Во сите твои дела верувај ѝ на својата душа; тоа е извршување на заповедите.

25Кој во законот верува, на неговите заповеди се покорува, и на Господа кој се надева, зло нема да претрпи.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help