1Пристапете, народи; слушајте и внимавајте, племиња! Нека слуша земјата и сѐ што ја исполнува, вселената и сѐ што се раѓа во неа!
2Зашто гневот на Господа е врз сите народи, а јароста Негова врз целата нивна војска. Он ќе ги уништи, ќе ги предаде на погибел.
3И нивните убиени ќе бидат расфрлани, и од труповите нивни ќе се крене смрдеа; по планините ќе потече нивна крв.
4И ќе излезе сета небесна војска, и небото ќе се свитка како книжен свиок; сета војска нивна ќе падне, како што паѓа лист од лоза, како свенат лист – од смоква.
5Зашто мечот Мој се опи на небото: ете, за суд слегува тој над Едом и над народот, за да биде казнет народот што го проколнав.
6Мечот Господов ќе се насити со крв, ќе се здебели од маснотија, од јагнешка и козја крв, од маснотиите на овнешките бубрези: зашто Господ има жртва во Восор, и голем колеж во земјата Едомска.
7И биволи ќе паднат со нив и телиња заедно со волови, земјата ќе се опие од крвта нивна, а правот нивни ќе се здебели од маснотија.
8Зашто настапи денот за одмазда Господова, годината на отплата за Сион.
9И реките негови ќе се претворат во катран, а правот негов – во сулфур; и земјата негова ќе биде запален катран;
10нема да гасне ни дење, ни ноќе; и димот нејзин вечно ќе излегува, од род во род ќе остане запустена; засекогаш нема да мине никој по неа;
11И ќе ја завладеат пеликани и ежови, буфови и гаварни ќе се населат во неа; и ќе протегнат по неа јаже за разорување и мера за унишутвање.
12Никој нема да остане таму од нејзините старешини, кои ќе ги повикаат да бидат цареви; сите кнезови нејзини ќе бидат уништени.
13Дворците нејзини ќе обраснат со трње, а тврдините нејзини – со коприва и пиреј; таа ќе им биде живеалиште на шакалите, сврталиште на ноеви.
14Ѕверови пустински ќе се среќаваат со диви мечки, козли ќе се повикуваат еден на друг; таму вештерки ќе се одмараат и ќе наоѓаат спокојство.
15Таму ќе свие гнездо змија што лета, ќе несе јајца, ќе веде малечки и ќе ги собира под сенката своја; таму и јастреби ќе се собираат еден со друг.
16Најдете во книгата Господова и прочитајте; ниедно од тие нема да одмине, едно со друго нема да се замени. Оти самата Негова уста заповеда, самиот дух Негов ќе ги собере.
17Зашто Он Самиот им фрли жреб, Неговата рака ќе им ја раздели со мерка; засекогаш тие ќе ја владеат, од род во род ќе живеат во неа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
