1Господи, во јароста Своја не карај ме и во гневот Свој не казнувај ме,
2зашто стрелите Твое се забија во мене, и Твојата рака тежи врз мене,
3За телото мое нема лек од Твојот гнев; во коските мои нема мир од гревовите мои;
4зашто беззаконијата мои ја надвишија главата моја, како тешко бреме ме притиснаа.
5Смрдат и гнијат раните мои поради безумието мое.
6Настрадав и се стопив сосема, цел ден натажен одам;
7бидејќи одвнатре горам од оган, нема лек за телотомое.
8Озлобен сум и прекумерно понизен; рикав поради воздишките на срцето Мое.
9Господи, пред Тебе сесите мои желби, и мојата воздишка не е сокриена од Тебе.
10Срцето ми се возбуди, и ме напушти силата моја, и светлината на очите мои, – и неа ја нема во мене.
11Моите пријатели и моите ближни се приближија и не се доближија; застанаа подалеку од мене,
12а оние што ја бараа душата моја, зборуваа лошо и без основа и секој ден кроеја сплетки;
13а јас, пак, како глув не слушав и сум како нем, кој не ја отвора устата своја;
14станав како човек, што не слуша и што во устата своја нема прекор,
15зашто на Тебе, Господи, се надевав; Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој.
16Оти си реков: да не се погордеат над мене моите непријатели; и кога ми се поколебаа нозете мои, тие изговорија лоши зборови над мене.
17Готов сум да паднам, и јадот мој секогаш е пред мене.
18Беззаконието свое го признавам и ќе се смирувам поради гревот мој.
19А непријателите мои живеат и сѐ посилни стануваат од мене, и се намножија оние што неправедно ме мразат,
20па враќајќи ми зло за добро, бидејќи бев за правда, тие ме отфрлија како мртовец.
21Не оставај ме, Господи, Боже мој, не отстапувај од мене;
22побрзај да ми помогнеш, Господи, Спасителе мој!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
