Евреите 2 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Должни сме зборот Христов да го слушаме. Христовиот пат води низ страдање кон слава.

1Затоа треба да бидеме нарочно внимателни кон она, што го чувме, па да не би некако да отпаднеме.

2Оти, ако реченото слово преку ангелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна отплата,

3како тогаш ќе избегнеме, ако занемариме такво големо спасение, кое, најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што го беа чуле од Него,

4кога и Бог им го потврди сведоштвото со знаци и чудеса, со разни сили и со раздавање дарови на Светиот Дух по Своја волја.

5Зашто Бог не на ангелите им ја покори идната вселена, за која што зборуваме,

6туку, напротив – некој зборувајќи негде посведочи: »Што е човекот, та го помниш, или Син Човечки, та да го посетуваш?

7Си го понизил нешто малку подолу од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце;

8сѐ си покорил под нозете негови.« А кога сѐ му покори, ништо не му остави непокорено; но сега уште не гледаме дека му е сѐ покорено.

9А гледаме дека Исус Христос, Кој беше нешто малку понизен од ангелите, поради претрпената смрт се увенча со слава и чест, та, по Божјата благодат, да вкуси смрт за сите.

10Зашто Му прилегаше на Оној, поради Кого е сѐ и од Кого е сѐ, откако многу синови прослави, преку страдања да го усоврши Началникот на нивното спасение.

11Бидејќи Оној, што осветува, и оние, што се осветуваат, сите се од Еден; и затоа не се срамува да ги нарече браќа, велејќи:

12Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, насред црква ќе Те воспеам.

13И пак: »Јас ќе се надевам на Него«. И одново: »Ете Ме мене и децата Мои, што Ми ги даде Бог«.

14А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;

15и да ги избави оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.

16Оти, навистина, не од ангели прими природа, а од потомството на Авраама прими;

17затоа должен беше во сѐ да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите народни.

18Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help