1 Ездра 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Ездра со допуштање на царот Артаксеркс одново воведува служба Божја.

1По тие настани, во царувањето на Артаксеркса, царот персиски, Ездра – синот Сареов, син на Азарија, син на Хелкија,

2син на Селума, син на Садока, син на Ахитува,

3син на Самарија, син на Азарија, син на Мареота,

4син Зараиев, син Езеев, син Вокиев,

5син Ависуев, син Финесов, син Елеазаров, син на првосвештеникот Арона, –

6тој Ездра излезе од Вавилон. Тој беше книжник и го знаеше законот Мојсеев, даден од Господа, Бога Израилев. Царот му даде си по желбата негова, зашто раката на Господа, неговиот Бог, беше над него.

7Со него отидоа во Ерусалим и некои синови Израилеви, и свештеници, и левити, и певци, и вратари, и Нетинејци во седмата година на царот Артаксеркс.

8Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година на царот.

9Бидејќи во првиот ден од првиот месец беше почнало излегувањето од Вавилон, а во првиот ден од петтиот месец тој дојде во Ерусалим: благодатната рака на неговиот Бог беше над него.

10Зашто Ездра го беше управил срцето свое да го изучува законот Господов и да го извршува и да го учи Израилот во законите и уредбите.

11Еве ја содржината на писмото, што цар Артаксеркс му го даде на Ездра, свештеник и книжник, кој го учеше Израилот на заповедите Господови и на законите Негови:

12Артаксеркс, цар над царевите, до Ездра свештеникот, совршениот учител во законот на небесниот Бог денес.

13Дадов заповед, во царството мое секој од народот Израилев и од неговите свештеници и левити, што сака да оди во Ерусалим, нека појде со тебе.

14Бидејќи си испратен од царот и од седумте негови советници, да ги надгледаш Јудеја и Ерусалим во законот на твојот Бог, кој што е во раката твоја,

15и да го однесеш среброто и златото, кое царот и советниците го жртвуваа на Бога Израилев, Чие живеалиште е во Ерусалим,

16и сето сребро и злато, што ќе го собереш по целата област Вавилонска, заедно со доброволните приноси од народот и свештениците, што ќе жртвуваат за домот на својот Бог, Кој е во Ерусалим, –

17тоа веднаш купи за тие пари волови, овни, јагниња и лебни приноси кон нив, и преливи за нив, и принеси ги на жртвеникот во домот на вашиот Бог во Ерусалим.

18А она што ти и браќата твои ќе најдете дека е добро да направите од останатото сребро и злато, според волјата на вашиот Бог направете.

19Садовите, пак, што ти беа дадени за служби во домот на твојот Бог, постави ги пред Бога Ерусалимски.

20И си друго, што е потребно за домот на твојот Бог, она за што го сметаш дека е неопходно, давај од домот на царските сокровишта.

21А јас, царот Артаксеркс, давам заповед до сите ризничари, што се од онаа страна на реката – си, што ќе посака од вас Ездра, свештеник и учител по законот на Бога небесен, без двоумење давајте:

22сребро до сто таланти, пченица до сто кора, вино до сто бата и пак до сто бата масло, а сол – без да се определува количеството.

23Си, што е заповедаво од Бога небесен, треба да се врши грижливо за Неговиот дом, и гледајте, некој да не протегне рака врз домот на Бога небесен, за да не падне гневот Негов врз царството, царот И синовите негови.

24Го кажавме да знаете, дека на никого од свештениците и левитите, певците, вратарите, Нетинејците и оние што служат при тој дом Божји нема да им се наложува данок, ни десеток, ни царина.

25А ти, Ездра, според мудроста на твојот Бог, која е во раката твоја, судат сиот народ од онаа страна на реката, – сите што ги знаат законите на твојот Бог, а кои не знаат, учете ги.

26И кој не го исполнува законот на твојот Бог и законот царски, тој без одлагање да се осуди, било на смрт, било на заточение, било на парична глоба, или на затвор во темница.

27Нека е благословен Господ, Бог на татковците наши, Кој вложи во срцето на царот да го украси домот Господов, што е во Ерусалим,

28И Кој ја управи кон мене милоста на царот, на советниците негови и на сите силни кнезови царски! И јас са охрабрив, бидејќи раката на Господа, мојот Бог, беше над мене, и ги собрав кнезовите Израилеви, за да одат со мене.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help