Мудрост Соломонова 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Праведниците и грешниците на судот.

1Праведникот ќе застане со голема смелост пред лицето на оние што го навредувале и ги презирале неговите подвизи;

2а тие, откако ќе видат, ќе се збунат во голем страв и ќе се вчудовидат од неговото ненадејно спасение.

3И, раскајувајќи се и воздивнувајќи од притеснувањето на својот дух, ќе мислат во себеси: тоа е оној истиот, кој некогаш служеше ѕа подбив и кој ни беше предмет на потсмев.

4Ние, безумните, неговиот живот го сметавме за лудост, а смртта негова – нечесна!

5А како ли е приброен кон синовите Божји и како добил дел меѓу светите?

6И така, ние, навистина, се одвоивме од патот на вистината, светлината на правдата не ни светеше, а и сонцето не нѐ огреа.

7Ние се исполнивме со беззаконија и лоши дела, а патот на Господа не го познавме.

8Каква полза ни донесе гордоста? Што ни даде богатството со празни зборови?

9Сето тоа премина како сенка, како краткотраен глас.

10Како кога помине кораб низ разбранувана вода, ни трага нема од него; не се познава каде поминал, нити има патеки негови во брановите;

11или како птица што во воздух лета и не остава зад себе белег од својот пат, но лесниот воздух, удиран од крилјата и сечен од брзото движење, проникнува со движењето на своите крилја, потоа не останува никаква трага од нејзиниот лет;

12или како стрела пуштена кон целта, разделениот воздух веднаш се собира; не се познава патеката, по која поминала;

13така и ние се родивме и умревме, и никаков знак на добродетел не можевме да покажеме, а се истоштивме во наш Ето беззаконие.

14Зашто надежта на безбожникот исчезнува како прав носен од ветрот, како ситен шу Шлек што го разнесува бура, исчезнува како дим на ветар и изминува како споменот на еднодневен гостин.

15А праведниците живеат довека; нивната награда е во Господа, за нив се грижи Севишниот.

16Затоа тие ќе го добијат царството на славата и венецот на убавината од раката Господова; Он ќе ги закрили со Својата десница и со Својата мишка ќе ги заштити.

17Он ќе ја земе Својата ревност и како силно оружје, ќе ги вооружи сите созданија за одмазда против непријателите.

18Како оклоп ќе ја облече правдата, а како шлем ќе го стави – нелицемерниот суд;

19светоста ќе ја земе како штит непобедив;

20гневот Свој строг ќе го изостри како меч, и сиот свет ќе појде со Него во бој против безумните.

21Тогаш ќе полетаат добро вперените стрели, и од облаците, како од силно затегнат лак, ќе ја погодуваат целта;

22и како од бојна направа за фрлање камења – ќе се исипе град; морската вода ќе беснее врз нив и реките без милост ќе ги издават.

23Духот на силата ќе стане против нив и како виор ќе ги разнесе.

24Така беззаконието ќе ја опустоши целата земја и лошите дела ќе го превртат престолот на силните.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help