Откровение 16 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Седумте чаши на Божјиот гнев ги исипуваат седумте ангели.

1И чув од храмот висок глас како им вели на седумте ангели: »Одете, излијте ги седумте чаши со гневот Божји на земјата!«

2И отиде првиот ангел, и ја изли чашата своја на земјата; и по луѓето, што го имаа белегот на ѕверот и, му се поклонуваа на ликот, се појавија лоши и лути рани.

3И вториот ангел ја изли чашата своја во морето: и тоа стана како крв од убиен човек; и сѐ живо изгина во морето.

4Третиот ангел ја изли чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв.

5Потоа го чув ангелот на водите како вели: »Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, и Кој си свет, зашто така осуди,

6бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – заслужуваат!«

7И чув друг да зборува од жртвеникот: »Да, Господи Боже Седржителу, вистинити и праведни се твоите пресуди!«

8Четвртиот ангел ја изли чашата своја врз сонцето; и му се даде луѓето да ги жари со оган.

9И силна жега ги опфати луѓето, и го похулија името на Бога, Кој има власт над тие зла, и не се покајаа да Му воздадат слава.

10Петтиот ангел ја изли чашата своја врз престолот на ѕверот; и царството негово се помрачи и луѓето ги гризеа јазиците свои од болка

11и похулија на небесниот Бог поради болките и раните свои, но не се покајаа за делата свои.

12Шестиот ангел ја изли чашата своја во големата река Еуфрат; и се пресуши водата нејзина, за да се приготви патот за царевите од сончевиот исток.

13И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби;

14оти тоа се ѓаволски духови, кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бога Седржителот.

15»Ете, Јас доаѓам како крадец: блажен е оној, кој што бдее и пази на алиштата свои, за да не оди гол, и да не се гледа срамот негов!«

16И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон.

17Седмиот ангел ја изли чашата своја на воздухот; и од престолот на небесниот храм се пронесе силен глас, кој што извика: »Се сврши!«

18И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков и голем и силен потрес, каков што не станал откако има луѓе на земјата.

19Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а Вавилон големиот се спомна пред Бога, за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев.

20Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа.

21И град, голем како талант, падна од небото, на луѓето; а луѓето похулија на Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help