Јеремија 41 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Исмаил го убива Годолија.

1Во седмиот месец, Исмаил, синот на Натанија, син Елисамов, од царски род и великодостојник при царот, и десет души со него дојдоа во Масифа при Годолија, синов Ахикамов, и таму, во Масифа, јадеа заедно леб.

2И стана Исмаил, синот Натаниев и десетте души со него, па го убија со меч Годолија, синот на Ахикама, син Сафанов, и го убија оној, кого вавилонскиот цар го беше поставил за управник на земјата.

3Исмаил ги уби и сите Јудејци, што беа со Годилија во Масифа, и Халдејците, војници што се наоѓаа таму.

4На вториот ден, по убивањето на Годилија, додека уште никој не знаеше за тоа,

5дојдоа од Сихем, Силом и Самарија, осумдесет души со избричени бради и раскинати облеки и со гребнатинки по телото, со дарови и ливан во рацете, за да ги принесат во домот Господен.

6Исмаил, синот Натаниев, излезе од Масифа да ги пресретне, одејќи и плачејќи, и кога ги сретна, им рече: »Одете при Годолија, синот Ахикамов.«

7И кога влегоа во градот, Исмаил, синот Натаниев, заедно со оние што беа со него, ги уби и нив и ги фрли во јама.

8Но се најдоа меѓу нив десет души, кои му рекоа на Исмаила: »Не убивај нѐ, бидејќи во полето имаме сокриени клетови со пченица и јачмен, елеј и мед.« И тој се воздржа, па не ги уби со нивните други браќа.

9А ровот, каде што ги фрли Исмаил труповите на луѓето, што ги уби поради Годилија, беше истиот, што го беше направил царот Аса, од страв пред Васа, царот израилски; него го наполни Натаниевиот син Исмаил со убиените.

10Тогаш го зароби Исмаил сиот народ во Масифа, царските ќерки и сиот друг народ што беше останал во Масифа, кого Навузардан, началникот на телохранителите, беше го доверил на Годилија, синот Ахикамов, па во зората тргна Исмаил, Натаниевиот син кон земјата на синовите Амонови.

11Но, Јоанан, синот на Кареја, и сите со него воени началници, чуја за сите злодела што беше ги извршил Исмаил, синот Натаниев,

12па ги поведоа сите луѓе и отидоа да се бијат со Исмаила, синот Натаниев, и го стигнаа при големите води, во Гаваон.

13И кога сиот народ, што беше со Исмаила, го виде Јоанана, синот Кареев, и сите со него воени началници, тој се зарадува.

14Тогаш сиот народ, што беше го заробил Исмаил од Масифа, се откажа и се приклучи, па отиде при Јоанана, синот на Кареја.

15А Исмаил, синот Натаниев, побегна од Јоанана со осум души и отиде при синовите Амонови.

16Тогаш Јоанан, синот Кареев, и сите со него воени началници го поведоа од Масифа сиот народ, што го ослободи тој од Исмаила, синот Натаниев, откако го беше убил Годолија, синот Ахикамов, луѓе, војници, жени, деца и дворјани, што ги беше извел од Гаваон:

17отидоа, па се задржаа во населбата Химам, близу до Витлеем, за да избегаат во Египет,

18бидејќи се плашеа од Халдејците, оти Исмаил, синот Натаниев го уби синот Ахикамов, Годолија, кого вавилонскиот цар беше го поставил за управник на земјата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help