1Дојдоа кнезовите на племињата од синовите на Галад, синот на Махир, внук Манасиев, од племињата на Јосифовите синови, говореа пред Мојсеја и пред свештеникот Елеазар и пред кнезовите, на домовите на синовите Израилви,
2па рекоа: »Господ му заповеда на господарот наш да им дадеме земја во дел на синовите Израилеви по жреб, и на господарот наш му е заповедано од Господа, делот на Салпаад, наш брат, да им го даде на ќерките негови;
3ако, пак, тие се омажат за синови од некое друго племе на синовите Израилеви, тогаш нивниот дел да се одземе од делот на татковците наши и да се додаде кон делот на она племе, во кое тие ќе бидат омажени, и да се одземе наследството нивни од делот, кој што ни се падна со жреб нам;
4и дури откако кај синовите Израилеви ќе има проштална година, делот нивни да се додаде кон делот на она племе, во кое тие ќе бидат омажени, делот нивни да се одземе од делот на татковото ни племе.«
5Тогаш Мојсеј им заповеда на синовите Израилеви, според повелбата Господова, и рече: »Право говори племето на Јосифовите синови:
6еве, како заповеда Господ за Салпаадовите ќерки: тие можат да бидат жени на оние, што ќе им се допаднат, но можат да се омажат само со човек во племето од татковиот род,
7за да не минува делот на синовите Израилеви од едно племе во друго – зашто секој од синовите Израилеви треба да се жени само во родот на татковото си племе;
8и секоја ќерка, која наследува дел во племето на синовите Израилеви, треба да стане жена на некого од племето на татковиот си род, та секој од синовите Израилеви да го наледи татковиот дел,
9и да не минува делот од едно племе во друго; зашто секој од синовите Израилеви треба да се жени во племето од своето наследство.«
10Како што му заповеда Господ на Мојсеја, така и направија Салпаадовите ќерки.
11И Салпаадовите ќерки Мала, Терса, Егла, Мелха и Нуа се омажија со синовите од браќата на своето племе;
12тие се омажија во племето од синовите на Манасија, Јосифов син, и нивниот дел остана во племето на нивниот татко.
13Тоа се заповедите и наредбите, и повелбите, што Господ им ги даде на синовите Израилеви преку Мојсеја во западен Моав, при Јордан, спроти Јерихон.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
