Евреите 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Христос – Свештеник по чинот Мелхиседеков, поголем од свештениците на синовите Левиеви.

1Оти тој Мелхиседек беше цар Салимски, свештеник на Севишниот Бог, кој што го пресретна Авраама, кога се враќаше од борбата со царевите, и го благослови,

2кому и Авраам му даде десеток од сѐ, и кој по значењето на името негово е прво цар на правдата, а потоа и цар на Салим, односно цар на мирот,

3без татко, без мајка, без род, немаше ни почеток на дните, ниту крај на животот и, по таков начин, е уподобен на Синот Божји, и останува вечен свештеник.

4Гледате ли колку е голем оној, кому патријархот Авраам му даде десеток од најдобриот плен!

5Оние од Левиевите синови, што примаат свештенство, имаат заповед да земаат по Законот десеток од народот, односно од браќата свои, иако и тие произлегле од бедрата Авраамови.

6Но тој, кој не му припаѓаше на нашиот род, зеде десеток од Авраама и го благослови оној, што имаше ветувања.

7Не може да има никаков спор дека помалиот се благословува од поголемиот.

8И така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму – Оној, за Кого има сведоштво, дека е жив.

9И, така да речам, Левиј, кој прими десетоци, и сам даде десеток преку Авраама,

10бидејќи уште беше во бедрата на татка си, кога го сретна Мелхиседек.

11Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свештенство, бидејќи врз основа на него народот доби Закон, каква потреба има да се воздигне друг свештеник по чинот на Мелхиседека, и да се нарече по чинот на Арона?

12Оти, кога ќе се промени свештенството, тогаш станува потреба да се измени и законот.

13А Оној, за Кого се зборува ова, се вбројуваше во друго колено, од кое никој не беше пристапувал до жртвеникот;

14зашто е познато дека Господ наш произлезе од Јуда, а за свештенството од ова колено Мојсеј ништо не рекол.

15И уште појасно станува тоа, кога се воздига слично на Мелхиседека друг свештеник,

16кој станал таков не по силата на телесна заповед, туку по силата на вечниот живот.

17Оти се посведочи: »Ти си вечен свештеник по чинот на Мелхиседека.«

18А, пак, одменувањето на поранешната заповед се изврши поради тоа, што таа беше слаба и бесполезна,

19оти Законот ништо не доведува до совршенство; а се воведе подобра надеж, преку која се приближуваме до Бога.

20И тоа не без клетва.

21Оти оние беа станале свештеници без клетва, а Он – со клетва, преку Оној, Кој Му рече: »Се заколна Господ и нема да се раскае: Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков«.

22Затоа на толку подобар Завет стана залог Исус.

23А тие беа многу свештеници, зашто смртта не им даваше да остане само еден;

24а Он, бидејќи Сам, пребива вечно, има свештенство што нема да мине на друг.

25Затоа Он и може и за вечно да ги спаси оние, што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив.

26Таков Првосвештеник и ни требаше: свет, незлобив, непорочен, одвоен од грешниците и повисок од небесата,

27Кој нема потреба, како и другите првосвештеници, секојдневно да принесува жртва прво за гревовите свои, а потоа и за оние на народот, бидејќи Он го изврши тоа еднаш за секогаш, откако Сам Себе се принесе како жртва.

28Зашто Законот за првосвештеници поставува луѓе, што се немоќни; а словото на клетвата што е по Законот – Синот, Кој е вечно совршен.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help