1Господи, Боже мој, на Тебе се надевам, спаси ме од сите што ме гонат, и избави ме;
2Да не би некогаш непријателот да посака да ми ја истргне душата; ќе трга, а ќе нема кој да спасува.
3Господи, Боже мој, ако го направив тоа, ако има неправда во рацете мои;
4ако зло вратив на оние, кои поради правда ме напаѓаат, тогаш нека отпаднам од непријателите мои;
5нека ја гони непријателот душата моја, и нека ја стигне, и нека го згази животот мој на земјава, и телото мое во прав нека го претвори.
6Стани, Господи, во гневот Свој; крени се против жестината на непријателите Твои; стани, Господи, Ти кој заповедаш.
7И многу народ ќе се собере околу Тебе; и Ти издигни се над него високо.
8Господ им суди на народите. Суди ми, Господи, според правдата моја и според чистотата моја.
9Да престане злобата на грешниците, а праведникот исправи го, Ти, Боже, кој ги испитуваш срцата и утробите праведно.
10Помош очекувам од Бога, Кој ги спасува оние што се со чисти срца.
11Бог е праведен судија, и силен, и долготрпелив и не се гневи секој ден.
12Но ако не се покаете, Он ќе го очисти Своето оружје, ќе го затегне својот лак и ќе го насочи,
13и затега смртна стрела, а стрелите Свои ги вжарува.
14И, ете, кај безбожникот сѐ повеќе неправда, па се зачна злоба, а тоа роди беззаконие,
15па си копа и ископа јама, и падна во јамата, што ја направи,
16и злобата негова му падна на главата негова, а врз неа и неправдата негова слезе.
17Го прославувам Господа поради правдата Негова и му пеам на Господа Севишниот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
