Ппророк Језекиил 4 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Претскажување опсада на Ерусалим.

1»А ти, сине човечки, земи една тула и стави ја пред себе и нацртај го на неа Ерусалим;

2и постави опсада околу него, направи тврдина спрема него, направи и насипи околу него, постави логор против него и нареди наоколу спроти него машини за уривање ѕидови.

3Потоа земи железна плоча и постави ја како железен ѕид меѓу себе и градот, па сврти го лицето свое спроти градот и тој ќе биде опседнат, опседнувај го ти. И тоа ќе биде знак за домот Израилев.

4Ти, пак, легни на својата лева страна и стави го врз неа беззаконието на домот Израилев; според бројот на деновите, – сто и педесет – во кои ќе лежиш врз неа, толку ќе го носиш беззаконието нивно.

5А Јас ти ги определив годините на беззаконието нивно според бројот на деновите; триста и деведесет денови ќе го носиш беззаконието на домот Израилев.

6И кога ќе ги исполниш, повторно легни, но сега на својата десна страна и четириесет денови носи го беззаконието на домот Јудин, ден за година, ден за година ти определив.

7Па сврти го лицето свое и мишката на својата десна страна кон опсадениот Ерусалим, и пророкувај против него.

8Ете, Јас поставив врз тебе окови, и ти не ќе можеш да се свртиш од едната страна на другата, додека не ги исполниш деновите на твојата опсада.

9Земи си пченица и јачмен, боб и леќа, просо и 'рж, и сипи ги во еден сад и направи си од нив лебови, според бројот на деновите, кога ќе лежиш на страната своја, триста и деведесет денови ќе ги јадеш.

10И јадењата, со кои ќе се храниш, јади ги со мерка, по дваесет сикли на ден; одвреме навреме јади го тоа.

11И вода пиј со мерка, по шестина од ин; одвреме навреме пиј.

12А ќе ги јадеш јачмените питки и печи ги пред нивните очи на човечко ѓубре.«

13И рече Господ: »Израилевите синови така ќе јадат нечист леб меѓу оние народи, кај кои ќе ги прогонам.«

14Тогаш реков: »О, Господи Боже, душата моја никогаш не се осквернила и од младини па сѐ досега никогаш не сум јал мрша и раскинато од ѕвер; и никакво нечисто месо не влегло во устата моја.«

15И ми рече Он: »Ти дозволувам место човечко ѓубре, земи говедско ѓубре, и на него печи го лебот свој.«

16И пак ми рече: »Сине човечки, еве во Ерусалим Јас ќе ја скршам лебната потпора, и ќе јадат леб со мерка и во жалост, и вода ќе пијат со мерка и во тага,

17зашто при нив ќе снема леб и вода, и тие со ужас ќе се гледаат еден со друг и ќе умрираат во беззаконието свое.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help