Јеремија 12 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пророкување за соседните народи – продолжение.

1Праведен си Ти, Господи, ако би се оправдувал со Тебе; но ќе проговорам за судовите Твои. Зошто патот на безбожниците е успешен и живеат во мир сите оние што не веруваат?

2Ти ги посади, и тие се вкоренија и израснаа, па и плод даваат; во устата нивна Ти си близок, но далеку си од срцето нивно.

3А мене, Господи, Ти ме познаваш, Ти ме гледаш и го испитуваш срцето мое какво е кон Тебе. Одвои ги како овци за клање и приготви ги за денот, кога ќе бидат убиени.

4Долго ли ќе тагува земјата, и ќе се исуши тревата по сите полиња? Добитокот и птиците гинат поради беззаконијата на жителите нејзини; оти велат: Он нема да види, што ќе стане со нас.

5Кога трчаше со пешаците и тие те изморија, како можеш тогаш да се натпреваруваш со коњи? И ако беше спокоен во мирна земја, што ли ќе правиш, кога ќе се крене Јордан?

6Зашто и браќата твои, и домот на таткото твој, неверно постапуваат со тебе и викаат со висок глас против тебе. Не верувај им и кога зборуваат добро за Тебе.

7Јас го оставив Мојот дом, го напуштив наследството Свое; најмилото на душата Моја го предадов во рацете на непријателите негови.

8Моето наследство стана за Мене како лав во гора: крена глас против Мене – затоа го замразив.

9Наследството Мое стасна како птица шарена, врз која од сите страни се нафрлуваат други грабливи птици. Одете, собирајте се сите полски ѕверови, одете да го изедете.

10Многу пастири го растурија Моето лозје, го изгазија со нозе делот Мој: Мојот драг дел го направија гола пустелија, –

11го направија пустиња, и тој запусте, плаче пред Мене; целата земја ја опустошија, оти никој не го зема тоа при срце.

12По сите гори во пустињата дојдоа опустошители, оти мечот Господов уништи сѐ од едниот крај на земјата до другиот: нема мир за ниедно суштество.

13Тие сееја пченица, а жнееја трње; се мачеа и никаква корист не добиваа; засрамете се за трудот свој поради пламениот гнев на Господа.

14Така вели Господ за сите мои лоши соседи, кои ги напаѓаа делата, што ги извршив за наследството на Мојот народ, Израилот. Еве, Јас ќе ги откорнам од земјата и домот Јудин ќе го истргнам од неговата средина.

15Но, откако ќе ги истргнам, пак ќе ги вратам и ќе ги помилувам, и секого ќе го доведам во неговиот дел и секого – во земјата негова.

16Па, ако ги научат патиштата на Мојот народ, за да се колнат во Мое име, велејќи »жив Господ«, како што тие го научија народот Мој да се колне во Ваала, ќе се населат меѓу Мојот народ.

17Ако, пак, не послушаат, ќе ги искоренам и наполно ќе истербам таков народ, вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help