Осија 6 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Божја казна и покајание.

1Во болката своја тие од рано утро ќе Ме бараат и ќе велат: да одиме и да се вратиме кон Господа, зашто Он ќе нѐ рани, и Он ќе нѐ исцели, ќе нѐ порази – и ќе ни ги преврзе раните наши;

2ќе нѐ оживее за два дена, а во третиот ќе нѐ подигне, и ние ќе живееме пред лицето Негово.

3И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; појавата Негова е како утрена зора, и Он ќе дојде при нас како дожд; како доцен и ран дожд ќе ја наполни земјата.

4Што да ти направам, Ефреме? Што да ти направам, Јудо? Чесноста ваша е како утрена магла и како роса што брзо исчезнува.

5Затоа Јас ги поразив преку пророците и ги биев со зборови од устата Своја, и судот Мој е како светлина што ќе изгрева.

6Оти Јас сакам повеќе милост, а не жртва, и познавање на Бога, отколку жртва сепаленица.

7А тие, како Адам, го нарушија заветот, и таму Ме изневерија.

8Галад е град на беззаконици, испрскан со крв.

9Како разбојници го дочекуваат човека така, здружени свештеници убиваат по патот за Сихем и вршат лоши работи.

10Во домот Израилев гледам ужасни работи; таму Ефрем блудствува, Израилот се извалка.

11И за тебе, Јудо, е определена жетва кога ќе го повратам од ропството Мојот народ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help