1Кој живее пок закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небескиот Бог.
2И ќе Му рече на Господа: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам!
3Зашто Он ќе те избави од стапицата на ловецот, и од збор кој збунува.
4Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: како што ќе те окружува Неговата вистина.
5Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење,
6од суштества што одат во темнина, од зараза и од бес што опустошува напладне.
7Покрај тебе ќе паднат илјада, и десет илјади десно од тебе; но до тебе нема да се приближат;
8само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш отплатата на грешниците.
9Зашто, ти, си Господи, надеж моја, Севишниот го избра за Свое прибежиште;
10зло нема да Ти се случи, и невојла нема да Ти се приближи до телото Твое;
11затоа што ќе им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да Те чуваат на сите патишта Твои.
12Ќе Те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата Своја;
13на отровница и на змија ќе нагазуваш, лав и змеј ќе убиваш.
14»Бидејќи се надеваше на Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое.
15Ќе повика кон Мене, и ќе го чујам; со него сум во неволја; ќе го избавам и ќе го прославам,
16ќе му дадам многу денови и ќе му го јавам спасението од Мене.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
