1Проговори тогаш Елифаз од Темна и рече:
2»Зар човек може да му биде користен на Бога? Човекот сам за себеси е мудар.
3Се радува ли Вседржителот затоа што си праведен? И ќе има ли корист за Него, затоа што ги држиш непорочни патиштата Негови?
4Зар Он, плашејќи се од тебе, ќе влезе во борба со тебе, ќе појде ли да се суди со тебе?
5Навистина, твојата злоба е голема, и беззаконијата твои крај немаат.
6Навистина, ти земаше залог од браќата свои за ништо и на полуголи им ги соблекуваше алиштата нивни.
7На измачен од жед не му даваше вода, да се напие, а на гладен леб му откажуваше;
8а на силен човек му даваше земја, и повидниот се населуваше на неа.
9Вдовиците ги испраќаше без ништо, и сираците ги оставаше со празни раце.
10Затоа околу тебе има стапици, и неочекуваниот ужас те збунува.
11Темнина е околу тебе, во која ништо не гледаш и голема вода те покрива.
12Бог не ли е повисоко од небесата? Погледај ги горе ѕвездите, колку се високо тие!
13И ти велиш: ‚што знае Бог?‘ Може ли Он да суди во мрак?
14Облаците се Негови завеса, така што не гледа, туку само оди по небесниот кург.
15Зар ти не одиш по патот на старите, по кој оделе беззакониците,
16а кои предвреме беа истребени, кога водата се беше разлеала под основите нивни?
17Тие му велеа на Бога: ‚отстрани се од нас! Што ќе ни направи Вседржителот?‘
18Он ги полнеше со богатство куќите нивни. – Но далеку да е од мене советот на нечестивите!
19Ќе видат праведници и ќе се радуваат, а непорочните ќе им се потсмеваат.
20Зар не пропадна имотот нивни, а остатокот оган го гори.
21Зближи се со Него – и ќе бидеш спокоен; преку тоа ќе ти дојде доброто.
22Прими го од устата Негова законот и стави ги зборовите Негови во срцето свое.
23Ако се обрнеш кон Вседржителот, одново ќе се средиш; ќе го отстраниш беззаконието од шаторот свој
24и ќе ја фрлиш драгоценоста во прав, и по поточните камења – офирско злато.
25Вседржителот ќе биде за тебе помошник, ќе те направи чист како блескаво сребро.
26Зашто тогаш ќе се радуваш за Вседржителот, ќе го кренеш лицето свое кон Бога.
27Ќе Му се молиш, и Он ќе те чуе, и ти ќе ги исполниш заветите свои.
28Ќе наумиш нешто, и тоа ќе се исполни, над твоите патишта ќе свети светлина.
29Кога некој ќе биде понизен, ќе речеш: ‚угоре!‘ и Он ќе го спаси оној со наведнатото лице;
30ќе го спаси и виновниот; а ќе го спаси преку чистотата на твоите раце.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
