1Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на оците наши преку пророците,
2во последниве дни ни зборува преку Синот, Кого Го постави за наследник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите
3и Кој, бидејќи светлост на славата и обличје на Неговото суштество, и држејќи сѐ со Своето моќно слово, откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на величието во висините
4и стана толку погорен од ангелите, во колку пославно име од нив наследи.
5Зашто кому од ангелите му рекол некогаш: »Ти си Син Мој, Јас Те родив денес«, и пак: »Јас ќе Му бидам Татко, а Он ќе ми биде Син?«
6Исто така, кога Го воведе Првородниот во вселената, рече: »Да Му се поклонат сите ангели Божји!«
7За ангелите, пак, е речено: »Ти ги правиш ангелите Свои духови, и служителите Свои оган пламенен«,
8а за Синот: »Твојот престол, Боже, е вечен« и »Жезалот на правдата е жезал на царството Твое.
9Тебе Ти омиле правдата, а омрзна беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со елеј на радоста повеќе од Твоите соучесници«.
10И пак: »Во почетокот Ти, Господи, си ја основал земјата, а и небесата се дело на Твоите раце;
11тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека;
12ќе ги свиткаш како наметало, и тие ќе се изменат: но Ти си секогаш Ист, и Твоите години нема да се свршат«.
13А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: »Седи од Мојата десна страна, дури непријателите Твои не ги ставам во подножјето на нозете Твои?«
14Нели се тие сите службени духови, определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
