Откровение 17 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Вавилон, како жена што седи на ѕверот, кого што Јагнето го победило.

1Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте чаши, и зборуваше со мене, велејќи ми: »Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница, која што седи над многу води;

2со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опија жителите на земјата!«

3И ме одведе со духот во пустина: и видов една жена како седи на црвен ѕвер, кој што беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.

4А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, драгоцени камења и бисери; во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.

5А на челото ѝ беше напишано името: »Тајна, Вавилон големиот, мајка на блудниците и на земните гнасотии.«

6И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и од крвта на сведоците Исусови; и се зачудив многу, кога ја видов.

7И ми рече ангелот: »Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови.

8Ѕверот, што го виде ти, беше и го нема: тој ќе излезе од бездната, и ќе загине; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако постои.

9Овде е потребен ум, што има мудрост. Седумте глави, тоа се седумте гори, врз кои седи жената;

10а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане.

11И ѕверот, што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине.

12А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не примија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот.

13Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.

14Тие ќе војуваат против Агнецот, и Агнецот ќе ги победи, оти Он е Господар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.«

15И ми рече: »Водите, што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и народите, племињата и јазиците.

16А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат.

17Оти Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се договорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо.

18А жената, која што ја виде ти, е големиот град, кој царува над земните цареви.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help