1Рече безумникот во срцето свое: »нема Бог.« Станаа развратни луѓето и гнасни во беззаконијата; нема кој да прави добро.
2Бог со внимание погледна од небесата кон синовите човечки, за да види, има ли некој што е разумен или да Го бара Бога.
3Сите тргнаа по лош пат, станаа еднакво расипани; нема кој да прави добро, нема ниеден.
4Зар нема да се вразумат оние, што вршат беззаконие. Оние што го јадат народот Мој, како што го јадат лебот, но Бога не Го повикуваат.
5Ќе се уплашат тие од страв, и таму каде што страв нема, зашто Господ ќе им ги растури коските на оние, што си угодуваат еден надруг. И тие ќе се посрамат, зашто Бог ќе ги понизи.
6Кој ќе му даде спасение на Израилот од Сион? Кога Бог ќе ги врати заробените од народот Свој, тогаш ќе се зарадува Јаков и ќе се развесели Израилот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
