Второзаконие 11 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Благослов за слушање и проклетство за неслушање.

1И така, сакај Го Господа, твојот Бог, и внимавај – она што го заповедал да го пазиш, – и наредбите Негови, и законите Негови, и заповедите Негови во сите денови.

2Па разберете сега, – бидејќи јас не зборувам со синовите ваши, кои не ги знаат и не ги виделе казните од Господа, вашиот Бог, – Неговото величие, Неговата силна рака и Неговата цврста мишка;

3чудесата Негови и делата Негови, што ги направи среде Египет со Фараонот, царот египетски, и со целата земја негова,

4и она што го направи Он со египетската војска, со коњите и колите, што ги потопи Он во водите на Црвеното Море, кога тие ве гонеа, – и Господ Бог ги погубува дури и денес, –

5и што направи Он за вас во пустињата, додека не дојдовте на тоа место,

6и што направи Он со Датан и Авирон, синовите на Елиав, син Рувимов, кога земјата ја отвори устата и пред целиот Израил ги голтна нив и домовите нивни, и куќите нивни и целиот имот, што го имаа;

7зашто вашите очи ги видоа сите тие големи дела на Господа, што ги направи Он.

8И така, пазете ги сите Негови заповеди, кои ви ги кажувам денес, за да бидете живи, да се намножите, па да отидете и да ја наследите земјата, сите кои преминувате преку Јордан, за да ја наследите;

9и да живеете долго време во онаа земја, за која Господ им се заколна на татковците ваши дека ќе им ја даде ним, и на поколенијата нивни, земјата, во која тече мед и млеко.

10Зашто земјата, во кој одиш да ја наследиш, не е како Египетската земја, од која излеговте, каде што ти, откако ќе го посееше семето свое, ја напојуваше со нозете свои, како зеленчукова градина.

11Земјата, пак, во која одите, за да ја наследите, е земја со планини, и се напојува со вода од небескиот дожд, –

12земја, за која Господ, твојот Бог, се грижи: очите на Господа, твојот Бог, непрестајно се врз неа, од почетокот на годината и до крајот на годината.

13Ако ги слушате заповедите Негови, кои ви ги кажувам денес, ако Го сакаш Господа, твојот Бог, и Му служиш од сето срце твое и од сета душа твоја,

14Он ќе ѝ даде на земјата твоја дожд навреме, ран и доцен, и ти ќе го собираш житото свое виното свое и елејот свој;

15И ќе му даде трева на полето твое за твојот добиток и ти ќе јадеш и ќе бидеш сит.

16Но пази, да не се соблазни срцето твое, па да пристапите и да им служите на други богови и да им се клањате;

17зашто тогаш ќе се разгори гневот на Господа врз вас, и Он ќе го затвори небото; и нема да има дожд, и земјата нема да го даде својот плод и вие брзо ќе исчезнете од добрата земја, која Господ ви ја даде.

18И така, ставете ги овие зборови Негови во срцето свое и во душата своја, врзете ги на раката своја како знак, и нека бидат тие врзулка меѓу очите ваши;

19и учете ги синовите свои на нив, кажувајте им за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш;

20и напишете ги врз входот на куќите ваши и над вратите свои,

21за да се умножат вашите денови и деновите на вашите деца во онаа земја, за која Господ се заколна дека ќе им ја даде на татковците ваши, колку што небото ќе биде над земјата.

22Зашто, ако ги пазите сите тие заповеди, што ви ги кажувам и ги исполнувате, ако Го сакате Господа, вашиот Бог, ако одите по сите патишта Негови и се приврзете кон Него,

23тогаш Господ ќе ги изгони сите тие народи од пред вас, и вие ќе владеете со народи, што се поголеми и посилни од вас;

24секое место, на кое ќе стапи ногата ваша, ќе биде ваше: вашите предели ќе бидат од пустињата и Антиливан, и од големата река Еуфрат, дури до морето, кое е на запад.

25Никој нема да ви се противстави вам: Господ, вашиот Бог, ќе испрати страв и трепет пред вас врз секоја земја, на која што ќе стапнете, како што ви говореше Он.

26Ете, јас ви давам денес благослов и клетва;

27благослов – ако ги послушате заповедите на Господа, вашиот Бог, што ви заповедам денес,

28а клетва – ако не ги послушате заповедите на Господа, вашиот Бог, и се отстраните од патот, што ви го кажувам денес, и тргнете по други богови, што не ги знаете.

29Кога ќе те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја во која одиш да ја наследиш, тогаш искажи благослов од планината Гаризин, а проклетство од планината Гевал.

30Тие планини се од онаа страна на Јордан, по патот кон зајдисонце, во земјата на Хананејците, кои живеат во рамнината, спроти Галгал, близу до високиот даб!

31Зашто вие го преминувате Јордан, за да отидете да ја наследите земјата, која ви ја дава Господ, вашиот Бог, со жреб, за секогаш; примете ја и населете се во неа.

32И така, почнете да ги пазите сите Негови наредби и закони, што ви ги предавам денес.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help