1Одговори Јов и рече:
2»Јас сум слушал многу такви работи; немили утешители сте сите вие!
3Ќе имаат ли крај празните зборови? И што те поттикнало да ми говориш така?
4И јас можев да зборува исто како вас, ако вашата душа беше на местото на мојата душа; би се противставувал со зборови против вас и би кимнувал со главата против вас;
5би ве поткрепувал со јазикот свој и со движењето на усните свои би ве утешувал.
6Ако говорам, скрбта моја не се сталожува; ако замолчам, зар ќе ми одмине?
7Но сега Ти ме изнемошти. Ти ми ја растури мојата челад.
8Ти ме покри со брчки, за сведоштво против мене; мојата изнуреност се крева против мене, в лице ме прекорува.
9Гневот негов се измачува и непријателствува против мене, ми скрца со забите; непријателот ги впива очите во мене.
10Ја отвориле устата против мене; навредувајќи ме удираат по усните; сите направиле заговор против мене.
11Бог ме предаде на беззаконите и ме предаде во рацете на нечестивите.
12Си бев спокоен, но Тој ме потресе; ме фати за вратот, ме затересе и ме постави за цел на Себеси.
13Ме опколија стрелците Негови; Тој ги раскинува моите внатрешнини, без да ме штеди, ја пролева на земјата жолчката моја,
14пробива во мене рана до рана, трча против мене како бесен борец.
15Вреќиште сошив на кожата моја и во прав ја турив главата своја.
16Лицето мое поцрвене од плачење, и на клепките имам смртна сенка,
17Во рацете мои нема крадено, и молитвата моја секогаш била чиста.
18Земјо! Не криј ја крвта моја, та за мојот повик да нема место.
19И сега, ете, на небото сведок имам, Застапникот ми е во висините!
20Нека ја прими молитвата моја Господ и нека солзи окото мое пред Него.
21О, да можеше човек да се бори со Бога, како синот човечки со својот ближен!
22Зашто крајот на годините мои ми доаѓа; на пат без враќање треба да појдам.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
