1Суди ме, Господи, бидејќи одев непорочно и, надевајќи се на Господа, нема да се поколебам.
2Искушај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја и моето срце.
3Твојата милсот е пред очите мои, а јас одам во Твојата вистина,
4со луѓе суетни не седев и со престапници на законот Твој нема да отидам;
5го намразив собиралиштето на злонамерните; со нечестивите нема да седнам;
6ќе ги мијам рацете свои во невиноста и ќе го заобиколувам жртвеникот Твој, Господи,
7за да ја разгласувам похвалата Твоја и да ги раскажувам сите Твои чудеса.
8Господи, го засакав живелиштето на Твојот дом и местото каде што пребива и славата Твоја.
9Не погубувај ја душата моја со грешници и животот мој со луѓе крвници,
10во чии раце има беззаконие, чија десница е полна со поткупи.
11Јас, пак, одам во својата непорочност, избави ме, Господи, и помилуј ме.
12Ногата моја стои на прав пат, во собранијата ќе Те благословувам, Господи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
