1Кон Тебе, Господи, викам: не биди безгласен кон мене, та да не заприлегам при Твоето молчење на оној што слегува во гроб.
2Чуј го гласот на молитвите мои, кога Ти се молам, кога кревам раце кон Твојот свет храм.
3Не вбројувај ме меѓу нечестивци и злосторници, кои со ближните свои говорат за мир, а во срцето имаат зло.
4Подај им, Господи, според нивните дела, според нивните лоши постапки; според делата на нивните раце, подај им го она што го заслужиле.
5Зашто не ги разбраа делата на Господа, ниту делата на рацете Негови; Он ќе ги сосипе и нема да ги подигне.
6Благословен Господ, зашто Он го чу гласот на молитвите мои.
7Господ е крепост моја и штит мој; на Него се надеваше срцето мое и Он ми помогна; затоа се зарадува срцето мое и Јас ќе го прославувам со сето мое срце.
8Господ е крепост на Својот народ и заштитник за спасението на Својот помазаник.
9Спаси го народот Свој и благослови го наследството Твое; паси ги и издигај ги довека!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
