Исаија 27 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Понижување на светските сили и собирање на синовите Израилеви.

1Во тој ден Господ ќе го порази со Својот тежок, со Својот голем и јак меч левијатанот – змејот што лета, а левијатанот – лукавиот змеј и ќе го убие морското чудовиште.

2»Во тој ден запејте за Него – за саканото лозје.«

3Јас, Господ, сум негов чувар, во секој миг го напојувам; ноќе и дење го вардам, за да не влезе некој во него.

4Гнев нема во Мене. Но ако некој Ми покаже во него трње и боцки, ќе кренам против него војна, ќе го изгорам сосема, –

5освен, ако пребегне кон заштитата Моја и склучи мир со Мене. Тогаш нека склучи мир со Мене.

6Во идните дни Јаков ќе се вкорени; Израил ќе пушти гранки и ќе расцути; и вселената ќе се исполни со плодови.

7Така ли го поразуваше Он, како што ги поразуваше оние, кои него го поразуваа? Така ли ги убиваше, како што се убивани оние, кои него го убиваа?

8Со мерка го казнуваше Ти, кога го отфрлаше; исфрли го со силниот Свој здив, како во ден на источен ветар.

9И преку тоа ќе се избрише беззаконието на Јакова; а плод од тоа ќе биде: ќе се симне гревот од него, кога сите камења од жртвениците ќе ги претвори во грутка вар, нема повеќе да стрчат млади шуми и идоли на сонцето.

10Затоа утврдениот град ќе запустее, живеалиштата ќе бидат напуштени и зафрлени како пустиња. Таму ќе пасе теленце, таму ќе лежи и ќе ги подјадува гранчињата негови.

11Кога гранките ќе му се исушат, ќе ги искршат; ќе дојдат жени и ќе ги изгорат. Бидејќи тој народ е неразумен, Творецот негов нема да го сожали, Создателот нема да го помилува.

12Но во тој ден Господ ќе растресе сѐ од големата река до потокот Египетски, а вие, синовите Израилеви, ќе бидете собрани еден до друг;

13во тој ден ќе затруби голема труба, и ќе дојдат оние што се загубиле во Асирската земја и прокудените во Египетската земја и ќе Му се поклонат на Господа на светата гора во Ерусалим.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help