1Тешко им на оние што одат во Египет за помош: кои се надеваат на коњи и се потпираат на коли бојни, зашто биле многу, и на коњаници, зашто биле многу силни, а на Светецот Израилев не погледнуваат и кон Господа не прибегнуваат!
2Но премудар е Он; и ќе испрати беда, и нема да ги измени зборовите Свои; ќе се крене против домот на нечесните и против помошта на оние, што вршат беззаконие.
3Египтјаните се луѓе а не Бог; и коњите нивни им се тело, а не дух. Ќе ја протегне раката Своја Господ, и ќе се сопне заштитникот, ќе падне заштитуваниот и сите заедно ќе загинат.
4Зашто вака им рече Господ: »Како лав, како лавче, кое рика над пленот свој, макар и многу овчари да му викаат, од викањето нивно нема ни да трепне и пред нивното множество нема да отстапи, – така Господ Саваот ќе слезе да војува за гората Сион и за нејзиниот рид.
5Како птиците – пиленцата, така Господ Саваот ќе го покрие Ерусалим, ќе го заштити и ќе го избави, ќе го сожали и ќе го спаси.«
6Обрнете се кон Оној, од Кого толку сте отстапиле, синови Израилеви!
7Во тој ден секој човек ќе ги отфрли своите сребрени и златни идоли, што рацете ваши ги направија вам за грев.
8И Асур ќе падне не од човечки меч, нема човечки меч да го премавне, – тој ќе избега од мечот; младите негови ќе плаќаат данок.
9И од страв тој ќе избега покрај тврдината своја; кнезовите негови ќе се плашат од знак, вели Господ, чиј оган е на Сион, а огништето – во Ерусалим.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
