Ппророк Језекиил 34 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пророкување за пропаста на неверните пастири.

1И би слово Господово до мене:

2»Сине човечки, изречи пророштво против пастирите Израилеви, изречи пророштво и кажи им на пастирите – вака вели Господ Бог: тешко на пастирите Израилеви, кои се пасеа сами себе! Зар пастирите не треба да го пасат стадото свое?

3Вие јадевте масно месо и се облекувавте во волна, колевте угоени овци, а стадото не го пасевте.

4Слаби не поткрепувавте, болни не лекувавте, ранети не преврзувате, истерани не враќавте и загубени не баравте, а управувавте со нив преку насилие и жестокост.

5Тие се распрснаа без пастир, и откако се растурија, станаа плен на сите полски ѕверови.

6Скитаат овците Мои по сите планини и по секој висок рид и распрснати се по зелата земја овците Мои, и никој не прашува за нив, и никој не ги бара.

7Затоа, о, пастири, чујте го словото Господово:

8Жив сум Јас, вели Господ Бог: заради тоа што овците Мои беа оставени да бидат разграбени, па, немајќи пастир, станаа плен на сите полски ѕверови, и заради тоа што пастирите не ги бараа Моите овци, бидејќи тие се пасеа сами себе, а Моето стадо не го пасеа,

9затоа, пастири, чујте го словото Господово:

10вака вели Господ Бог: еве, Јас сум против пастирите и ќе ги барам овците Свои од рацете нивни, и нема да им дадам повеќе да ги пасат овците, и пастирите нема повеќе да се пасат самите себе, и ќе ги одземам Моите овци од нивните челусти, и тие веќе нема да бидат нивна храна.

11Оти, така вели Господ Бог: еве, Јас сам ќе ги побарам овците Мои и ќе ги прегледам.

12Како што пастирот го проверува стадото свое, во оној ден кога ќе се најде меѓу своето распрснато стадо, така ќе ги прегледам Јас овците Мои и ќе ги ослободам од сите места, каде што биле прснати во ден облачен и мрачен.

13Ќе ги изведам од народите и ќе ги соберам од земјите, ќе ги доведам во земјата нивна и ќе ги пасам по планините Израилеви, покрај потоци и по сите места, каде што се живее во таа земја.

14Ќе ги пасам на добро пасиште и ќе имаат свое трло на високите Израилеви планини; таму во трлото ќе се одмораат добро и ќе пасат на сочно пасиште, по планините Израилеви.

15Моите овци, Јас ќе ги пасам и ќе ги одморам, вели Господ Бог.

16Изгубена ќе најдам и истерана ќе вратам, ранета ќе превијам и болна ќе излекувам, здебелена и бујна ќе исчистам; ќе ги пасам со правда.

17Вас, пак, овци Мои, така вели Господ Бог, Јас ќе ве судам меѓу овца и овца, меѓу овен и козел.

18Зар малку ви е тоа што пасете на добро пасиште, а другиот дел од пасиштето го газите со своите нозе, и пиете чиста вода, додека остатокот ја матите со нозете свои.

19Па овците Мои треба да го јадат она, што сте го изгазиле вие со нозете свои, и да го пијат она, што сте го изматиле со нозете свои?

20Затоа, вака вели Господ Бог: еве, Јас сам ќе ве судам меѓу овца згоена и овца слаба.

21Бидејќи со слабините и плеќите се туркате, а со роговите ги бодете сите слаби додека не ги истерате надвор.

22Но Јас ќе ги спасам овците Мои и тие нема веќе да бидат разграбувани, и ќе пресудам меѓу овца и овца.

23И ќе поставам над нив еден пастир, што ќе ги пасе, слугата Мој Давида; тој ќе ги пасе и тој ќе им биде пастир.

24И Јас, Господ, ќе бидам нивни Бог, а Мојот слуга Давид ќе биде нивни кнез. Јас, Господ, го реков ова.

25И ќе склучам со нив завет за мир и ќе ги премавнам од тој дел на земјата сите лути ѕверови, така што тие ќе живеат мирно во степата и ќе спијат во горите.

26Ќе ги благословам нив сѐ што е околу ридот Мој и ќе им праќам навреме дожд; тоа ќе бидат дождови благословени.

27И дрвјат во полето ќе го даваат својот плод и земјата ќе ги дава своите производи; и тие ќе бидат во безопаснот на земјата своја и ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе ги скинам врските на јаремот и ги ослободам од рацете на нивните непријатели.

28Тие нема веќе да бидат плен за народите и полските ѕверови нема да ги јадат; тие ќе живеат спокојно и никој нема да ги заплашува.

29И ќе им приготвам бујна градина, тие нема веќе да умираат од глад на земјата и нема да трпат срам од народите.

30И ќе познаат, дека Јас, нивниот Господ Бог, сум со нив и дека тие, домот Израилев, се Мој народ, вели Господ Бог,

31и дека сте вие Мои овци, овци на Моето стадо; вие сте луѓе, а Јас сум вашиот Бог,« вели Господ Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help