1Чујте го ова сите народи; внимавајте вие сите што живеете по вселената,
2земнородни и синови човечки, како богатите така и сиромасите.
3Устата моја ќе кажува мудрост, и мислата на срцето мое – поука.
4Ќе го наклонам увото свое кон раскажувањето: со гусла ќе ја отркијам гатанката моја.
5Зошто да се плашам во тешки денови, кога беззаконието на моите патишта ќе ме опколи?
6Вие, што се надевате на силите свои и се фалите со големото богатство свое, чујте:
7Братот не може да се искупи; а може ли човекот да се откупи? На Бога нема да му даде откуп за него,
8ниту цена за откуп на душата своја.
9Некој и ќе се намачи долго, ќе живее до крајот и пак ќе пропадне, кога ќе види дека и мурдите умираат.
10Неразумните и безумните загинуваат заедно, а го оставаат богатството на други.
11Тие си мислат, дека гробовите нивни се вечни, живеалиштата од род во род, така што земјите нивни ги носат имињата нивни.
12И човек со почест ова не го разбира; па заприлегува на животните, со кое се поистоветува.
13Тој нивни пат е нивна соблазна, иако потоа сосвојата уста убаво ќе зборуваат.
14Тие се како овци затворени во пеколот, смртта им е пастир, и изутрина праведните ќе господарат над нив; но силата нивна ќе се истроши во пеколот од славата нивна.
15Но Бог ќе ја спаси душата моја од раката на пеколот, кога ќе ме прими.
16Не плаши се кога човек богатее, когаславата на домот негов расте;
17зашто, умирајќи, ништо нема да земе, ниту, пак, славата негова ќе појде по него;
18макар што при животот негов душата негова ја ублажуваат, а тебе те фалат кога си угодуваш;
19ќе отиде дури во родот на своите татковци, нема никогаш да види светлина.
20Човек, кој неразумно живее, сличен е на животните.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
