1Продолжи пак Елијуј и рече:
2»Мислиме ли дека е право тоа што рече: ‚мојата правда е поголема од Божјата?‘
3Ти рече: ‚каква полза за мене и каква корист ќе имам, ако не грешам?‘
4Јас Ќе ти одговорам и на тебе и на твоите пријатели:
5Погледај кон небото и види; загледај се во облаците – тие се повисоки од тебе.
6Ако грешиш, што ќе Му направиш Нему? И ако товите престапи се умножуваат, што Му причинуваш Нему?
7Ако си праведен, што Му даваш? Или што ќе добие од раката твоја?
8Твоајта нечесност може да му направи лошо на човекот како тебе; а твојата праведност може да му помогне на синот човечки.
9Од многу насилници офкаат угнетените и од рацете на силните пиштат;
10но никој не вели: ‚каде е Бог, мојот Создател, Кој дава песни ноќе,
11Кој нѐ прави поразумни од земниот добиток и помудри од птиците небески?‘
12Таму тие пиштат, поради гордоста на лошите луѓе, но Он не ги услишува.
13Бог не ги слуша гордите, и Вседржителот не гледа на нив.
14Макар и да велиш дека не Го гледаш, но судот е пред Него, и – очекувај го.
15А сега, бидејќи гневот Негов те посети, а тоа не е ништо и Он не те испита со сета строгост,
16затоа, Јов, лесномислено ја отвора устата своја и без размислување, неразумно говори.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
