1Слушајте ја, деца, татковата поука и внимавајте, та да се научите да ја разбирате,
2зашто добар дар ви дарувам; не оставајте ја мојата заповед.
3Зашто и јас бев син послушен на татка ми, и омилен на мајка ми;
4и татко ми ме поучуваше и ми велеше: »Зборовите мои задржи ги во срцето твое; пази ги моите заповеди и не заборавај ги!
5Здобивај се со мудрост, придобивај разум; не заборавај го тоа и не се отстранувај од зборовите на устата моја.
6Не ја оставај, – и таа ќе те пази, сакај ја, – и таа ќе те чува.
7Главно е мудроста: придобивај мудрост и за сиот свој имот придобивај разумност.
8Високо цени ја, и таа ќе те воздигне; таа ќе те прослави, ако ја прегрнеш,
9ќе положи на главата твоја благодатен венец, со венец на сладост ќе те закрили.
10Слушај, синко, и прими ги зборовите мои, – и ќе ти се умножат годините на животот.
11Ти го покажувам патот на мудроста, те водам по прави патеки.
12Ако одиш, нозете твои нема да се сопнат, и ако потрчаш, нема да се измориш.
13Држи се здраво за поуката, не ја оставај; пази ја, бидејќи таа е твојот живот.
14Не оди на пат безбожнички и не оди по патот на лоши луѓе;
15остави го, не оди по него, отстрани се од него и заобиколи го;
16зашто тие не заспиваат, ако не направат зло; и сон не ги фаќа, ако не доведат некого до пад;
17оти тие јадат леб од беззаконие и се опиваат со вино од грабеж.
18Патеката на праведните е како болскава светлина, која свети сѐ повеќе и повеќе дури не настане ден.
19А патот на беззакониците е како темнина; тие не знаат, од што ќе се сопнат.
20Синко, внимавај на зборовите мои и приближи го увото кон поуките мои;
21да не остапуваат тие од твоите очи; чувај ги внатре во срцето свои:
22зашто тие се живот за оние што ги наоѓаат, и здравје за целото тело нивно.
23Од сѐ, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свео, зашто од него се изворите на животот.
24Отфрли ја од себеси лажливата уста, а лукавството на јазикот од себеси оддалечи го.
25Очите твои нека гледаат право, и клепките твои да бидат управени кон праведното.
26Провери ја патеката со нозете свои, и сите патишта твои нека бидат прави.
27Не скршнувај ни десно, ни лево; оддалечи ја ногата од злото,
28зашто десните патишта Господ ги надгледува, а левите се расипани.
29Он ќе ги направи твоите патишта прави, и твоето одење ќе го уреди во мир.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
