Броеви 12 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Жената Аронова, Маријам, е казнета со болеста лепра.

1Тогаш Маријам и Арон го прекоруваа Мојсеја поради жената Етиопјанка, што ја беше зел, зашто тој се беше оженил со Етиопјанка;

2и рекоа: »Само на Мојсеја ли му зборува Господ? Не ни говореше ли Он и нам?« И Господ го чу тоа.

3А Мојсеј беше најкроткиот човек меѓу сите луѓе на земјата.

4И им рече Господ веднаш на Мојсеја, Арона и на Маријам: »Излезете вие тројца пред скинијата на сведоштвото!« Тие излегоа и тројцата.

5И слезе Господ во облаков столб, застана при влезот од скинијата на сведоштвото, па го повика Арона и Маријам, и тие излегоа и двајцата.

6И рече: »Чујте ги Моиве зборови: ако меѓу вас има пророк Господов, Јас му се откривам во видение, на сон говорам со него;

7не е така, меѓутоа со Мојот слуга Мојсеј, – тој е верен на целиот Мој дом:

8Јас говорам со него уста со уста, и јавно, а не преку гатање, и тој ја виде славата Господова; а вие како не се исплашивте да го прекорувате Мојот слуга Мојсеја?«

9И се разгори гневот на Господа против нив, и Он си отиде.

10Се повлече и облакот од скинијата, и ете, Маријам беше прокажена со лепра, бела како снег. Арон ја погледна Маријам, и, ете, таа е лепрозна.

11И му рече Арон на Мојсеја: »Помоли Го Господа ова да не ни го смета за грев, бидејќи не знаевме дака погрешивме;

12не оставај таа да остане како мртвородено младенче, чие тело, кога излегува од мајкината утроба, до половина веќе е гнило.«

13И се обрна Мојсеј кон Господа, велејќи: »Боже, Ти се молам, исцели ја.«

14Му рече Господ на Мојсеја: »Ако татко и ја беше плукал во лице, не ќе требаше ли таа да се срамува седум дена! И така, таа да биде затворена седум дена надвор од населбата, а потоа пак да се врати.«

15И се одлучи Маријам да биде затворена надвор од логорот седум дена, и народот не тргна на пат, додека таа не се врати.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help