1Господи, Седржителе, Боже Израилев, кон Тебе вика душата тескобна и дух вознемирен;
2Чуј ме, Господи, и смилуј се, зашто Ти си бог милосрден; смилувај се, зашто згрешивме пред Тебе;
3Ти вечно живееш, а ние вечно загинуваме.
4Господи, Седржителе, Боже Израилев, послушај ја молитвата на умрените од Израилот и на нивните синови, кои згрешија пред Тебе, кои не го послушаа гласот на Господа, својот Бог, па затоа нѐ снајдоа неволји.
5Не спомнувај си за беззаконијата на нашите татковци, туку спомни си во тоа време за Својата рака и за Своето име,
6зашто Ти си Господ, нашиот Бог и ние ќе те прославуваме, Господи!
7Затоа си го вселил стравот Твој во нашето срце, за да го повикуваме Твоето име, а ние ќе Те прославуваме во нашето прогонство, бидејќи од нашето срце ја отфрливме секоја неправда на нашите татковци, кои згрешија пред Тебе.
8Еве, ние сме сѐ уште во ова заточеништво, каде што си нѐ распрснал за хула, за проклетство, и за казна поради сите неправди на нашите татковци, кои отстапија од Господа, нашиот Бог.
9Чуј ги, Израиле, заповедите на животот, послушајте, за да ја научите мудроста.
10Израиле, што значи тоа што си во земјата на непријателите? Ти остаре во туѓа земја и се оскверни заедно со мртвите,
11приброен си кон оние, што се во пеколот,
12си го остави изворот на премудроста.
13Ако одеше по Божјиот пат, ќе живееше мирно довека.
14Научи каде се наоѓа мудроста, каде силата, каде знаењето, а заедно со тоа да разбереш во што е долговечноста и животот и каде се наоѓа светлината на очите и мирот.
15Кој го открил живеалиштето на мудроста и кој влегол во нејзините сокровишта?
16Каде се кнезовите на народите и оние што владееја над земните ѕверови и оние што си играа со птиците небески
17и собираа сребро и злато, она на што се надеваа и чии имоти крај немаат?
18Каде се оние, кои со голем труд сребро излеваа и чии сребрени ракотворби број немаат?
19Тие исчезнаа, во пеколот слегнаа; на нивно место други се издигнаа.
20Помладите видоа светлина и се населија на земјата, но патот на мудроста не го познаа;
21не ги разбраа нејзините патеки и нивните синови не ја најдоа; далеку останаа од нејзиниот пат.
22Не се слушаше за неа во Ханан, ниту ја видоа во Теман.
23Синовите на Агара бараа земно знаење. Него го бараа и трговците од Мера и Теман, како и раскажувачите на басни и истражувачите на знаењето, но патот на премудроста не го познаа и патеките нејзини не ги забележаа.
24О, Израиле, колку е голем Божјиот дом, колку е пространо местото на Неговото владеење
25Тој е голем и крај нема, високо е и неизмерлив;
26Таму во почетокот имаше прочуени исполини, многу големи и вешти во војување,
27Но не нив Господ ги избра, и не им го откри патот на премудроста;
28тие изгинаа затоа што немаа мудрост, изгинаа од своето безумие.
29Кој се качил на небото, па да ја дофати на облаците и да ја симне оттаму?
30Кој го премина морето и ја најде неа, и кој ќе ја донесе неа – подобрата од чисто злато?
31Патот до неа никој не го знае и никој не помислува на нејзините патеки.
32Но оној, кој знае сѐ, Он ја откри со разумот Свој, Оној Кој ја создаде земјата за вечни времиња и ја исполни со животни,
33Оној, Кој ја испрати светлината – и таа оди, ја повикува – и таа со трепет Го слуша,
34и ѕвездите на своите места зесветеа и се зарадуваа.
35Он ги повикува, а тие Му одговараат: »Еве нѐ!« Тие радосно болснаа пред својот Создател.
36Он е нашиот Бог; никој со Него не може да се спореди.
37Он ги најде сите патишта на премудроста и му ја подари на Својот слуга Јакова, на Својот омилен Израил.
38потоа Он се јави на земјата и живееше меѓу луѓето.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.