1Подобро е бездетството со добродетел, зашто споменот за неа е бесмртен, таа се признава и од Бога и од луѓето.
2Кога е овде, на неа се угледуваат, кога ќе си отиде – се стремат кон неа, во вечноста, овенчани – вечно прославувана, зашто победила преку непорочни подвизи.
3Многубројното потомство на безбожникот нема никаква полза, воздивнувањата на прељубниците не пуштаат длабоки корења и немаат тврда основа.
4Зашто, ако набрзина пуштаат гранки, слабо вкоренети, ќе се расклатат од ветрот, а од ударите на силните ветрови – ќе бидат искорнати.
5Кревките гранки ќе се искршат, плодот ќе им биде бесполезен, незрел за храна и непотребен ѕа ништо;
6зашто деца родени од беззаконски бракови – сведоци се ѕа развратот на своите родители при распитот на судот.
7А праведникот и рано да умре, ќе биде во мир,
8оти; чесната старост не е во долговечноста, ниту се иѕбројува со бројот на годините.
9Мудроста – тоа се белите човечки коски, а непорочниот живот – возраст на староста.
10Откако Му угодил на Бога, праведникот е засакан и, откако живеал меѓу грешниците, Бог го прибрал;
11грабнат е, злобата да не го измени неговиот разум и подмолноста – да не ја заведе неговата душа.
12Зашто, извршувањето на лошото го помрачува доброто, а страсното бранување го развратува незлобивиот ум.
13Кој достигнува совршенство во кратко време, тој живее долго;
14зашто неговата душа Му била угодна на Господа, затоа и побрзал да го избави од безбожноста околу него. А луѓето го видоа тоа, и не го разбраа, дури и не помислија ѕа тоа,
15дека Бог има благодат и милост ѕа Своите светии и промисла – ѕа Своите иѕбраници.
16Праведник, умирајќи, ќе ги осуди живите безбожници и младоста што стигнала бргу до совршенство – долговечната старост на неправедникот,
17зашто тие ќе го видат крајот на мудриот и не ќе сфатат што определил Господ за него и зошто го поставил во безопасност;
18тие ќе видат и ќе го понижат, но Господ ќе им се потсмее;
19и потоа тие ќе бидат презрен труп и срам меѓу умрените довека, зашто Он ќе ги турне и тие ќе паднат безгласно ничкум – ќе ги отргне од нивната основа и тие најпосле ќе опустеат, ќе бидат во жалост и споменот за нив ќе загине;
20сознавајќи ги своите гревови, тие ќе застанат со страв и нивните беззаконија самите нив ќе ги осудат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
